• Latest

Русија и Македонија на агендата на министерскиот состанок во НАТО

April 27, 2018
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Русија и Македонија на агендата на министерскиот состанок во НАТО

April 27, 2018 08:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО денеска се среќаваат во Брисел, за последен пат пред самитот во јули.

Министрите ќе го отворат состанокот со разговори за руските закани на глобално ниво, соопшти генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

– Има шема на опасно однесување: нелегалната анексија на Крим, дестабилизација во Украина, мешање во демократските процеси, кибер напади, поддршка за бруталниот режим во Сирија, користење на хемиско оружје, Русија најверојатно стои и зад нападот во Солсбери, изјави Столтенберг пред новинарите, истакнувајќи дека членките на Алијансата одговориле “преку обединетост“ на тоа однесување.

Генералниот секретар смета дека односите помеѓу Русија и Западот се „потешки од кога било“, но и дека колку се повисоки тензиите толку е попотребно да се има дијалог со Русија.

Столтенберг порача дека НАТО работи да се оствари нова средба помеѓу членките на НАТО и Руската федерација во рамките на Советот НАТО-Русија, но не беше во можност да каже дали таа би се случила пред јулскиот самит на Алијансата.

Високи дипломатски извори во НАТО предупредуваат дека е важно Западот на „западне во миметизам кон Русија и да не гледа на ситуацијата како на постојана криза, но дека треба да се остане обединет, бидејќи Русија се обидува да внесе поделеност“.

Поради тоа за НАТО е од исклучителна важност да продолжи дијалогот со Русија на воено како и на политичко ниво, сметаат во НАТО. Но, сепак, велат во НАТО, „не сме на раб на воен конфликт со Русија“.

Во контекст на руските закани, генералниот секретар предупреди дека пораките на Русија кон Македонија – дека таа станува „легитимна цел“ доколку стане членка на Алијансата и дојде до конфликт помеѓу Русија и Западот – се спротивни на се она за што се залага НАТО.

– Целата идеја дека Русија нема да прифати одредени земји да станат членки во НАТО е идеја на сфери на влијаниа каде големите сили ги контролираат помалите држави и тоа е во контрадикција со се за што НАТО се залага, изјави вчера Столтенберг.

Како што јави дописничката на МИА во Брисел, високи дипломатски извори во НАТО за МИА велат дека не гледаат голем ризик од опасно руско влијание во Македонија не само поради јасната определеност на Владата за евроатлантските интеграции, туку и поради големата поддршка на граѓаните за влез во НАТО.

– Не гледаме ниту успешни обиди од страна на Русија да го дезинформира населението во Македонија, вели овој висок дипломатски извор за МИА.

НАТО членките се оптимисти дека е можно решение за името до следниот самит на НАТО, но притисок врз Грција не се врши, иако не би било згодно за Грција да блокира без добра причина, вели нашиот извор.

Министрите за надворешни работи на НАТО состанокот ќе го завршат со дискусија за Западниот Балкан и опасноста од враќањето на странските борци од воени зони како Сирија, како и со дискусија за “политиката на отворени врати“ на Алијансата, која се однесува пре сѐ на Македонија, Босна и Херцеговина, и Грузија.

На дневен ред се и Блискиот Исток и Северна Африка.


Извор: МИА

Tags: БриселМакедонијаНАТОРусијасредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ