• Latest

Русија планира да затвори една од најстарите организации за човекови права во земјата

December 20, 2022

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Русија планира да затвори една од најстарите организации за човекови права во земјата

December 20, 2022 18:11
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Руското Министерство за правда поднесе тужба за затворање на Московската хелсиншка група, една од најстарите руски организации за човекови права, објавено е на веб-страницата на московскиот суд. Групата, која објавува годишен извештај за состојбата со човековите права во Русија, во соопштение извести и за иницираното барање за распуштање и забрана на активности на територијата на Русија.

Засега не е познато на која основа властите сакаат да ја затворат, но порталот Новаја Газета објави дека таквиот потег е резултат на ненајавена проверка на активностите на организацијата нарачана од државните обвинители. Според соопштението, невладината организација била обвинета дека спроведувала активности надвор од московскиот регион, со што го нарушува нејзиниот регионален статус, особено испраќање набљудувачи на судења или нејзини членови на настани во други делови на земјата.

Барањето е поднесено денеска и се испитува, потврди портпаролка на градскиот суд во Москва, цитирана од новинската агенција Интерфакс. Организацијата се откажа од странско финансирање во 2012 година за да избегне да биде означена како „странски агент“, според законот што го отежнува работењето на организациите што добиваат странски средства.

Московската хелсиншка група е основана во 1976 година од тим советски дисиденти, научници и активисти за човекови права за да надгледува дали Советскиот Сојуз го почитува договорот Исток-Запад за воведување период на деескалација.

Од 1996 година до нејзината смрт во 2018 година, познатата советска и руска заштитничка на човековите права Људмила Алексејева со децении претседаваше со организацијата во Русија. Постапката против Московската хелсиншка група потсетува на онаа што минатата зима доведе до распуштање на невладината организација Меморијал, уште еден столб на одбраната на човековите права и споменот на жртвите на советските злосторства.

Во последниве месеци, режимот на Владимир Путин ја забрза репресијата против своите критичари, по офанзивата на Кремљ во Украина. На тој начин властите воведоа закон кој предвидува затворска казна до 15 години за секое објавување на информации за руската армија кои се сметаат за „лажни“. Повеќето опозиционери сега се наоѓаат во егзил или во затвор.

Tags: затворањеорганизацијаРусијачовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ