• Latest

Русите ракетираа хуманитарен конвој, Ковачевски го повика Мицкоски да ги достави понудите за поевтини енергенси, 78 милиони долари од САД за модернизација на Армијата

September 30, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Русите ракетираа хуманитарен конвој, Ковачевски го повика Мицкоски да ги достави понудите за поевтини енергенси, 78 милиони долари од САД за модернизација на Армијата

September 30, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Најмалку 23 лица загинаа, 28 се повредени во руски ракетен напад врз хуманитарен конвој во Запорижја

Во Запорижја, во руски ракетен напад врз хуманитарен конвој загинаа најмалку 23 лица, а уште 28 беа ранети, објави на Телеграм Олександр Старук, шеф на регионалната воена управа на Запорижја.

„Засега знаеме за 23 загинати и 28 ранети. Сите цивили, наши сонародници. Горете во пеколот, проклетите рашисти“, напиша Старук.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Ковачевски: Токму затоа ја користам оваа пригода јавно да го повикам Христијан Мицкоски денеска веднаш да ги исконтактира тие компании од кои има индикативни понуди и за кои кажа дека имаат важност од една недела. Тие компании во текот на следните неколку дена, но не подоцна од среда, да достават официјални понуди до Акционерското друштво. Секоја понуда во насока на надминување на актуелната криза е добредојдена. Доколку пристигнат вакви комплетни понуди, согласно Законот за јавни набавски на енергенси, истите веднаш ќе бидат разгледани од Комисијата за јавни набавки на ЕСМ. Доколку понудите ги исполнуваат критериумите и доколку добие понуди по препорака на Мицковски имаат најниски цени и ќе донесат бенефит на државата и ЕСМ до 300 милиони евра, веднаш со тие компании ќе склучиме договори“.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Двајца цивили се пријавени како загинати, а 12 се повредени, откако Русите гранатирале станица на јавен превоз со касетна муниција во градот Миколаев, изјави шефицата на Регионалниот совет на Миколаев, Хана Замазијеева на Телеграм.

„Касетна муниција погоди постојка за јавен превоз во преполната област на градот. За време на шпицот. Ова не е ништо друго освен намерен терористички напад наменет да убие цивили. Двајца загинати и 12 повредени во моментот“, напиша Замазијеева.

*

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот Фејсбук профил објави реакција по денешниот масакр врз цивилното население во Запорижја кога руските сили истрелале ракети врз хуманитарен конвој кој се движел кон окупираните територии со цел да ги евакуира цивилите и да достави помош.

Непријателот е огорчен и се обидува да се одмазди за нашата истрајност и неговите неуспеси. Цинично ги уништува мирните Украинци, бидејќи одамна изгубил се што е човечко. Крвожедни гадови! Дефинитивно ќе одговарате. За секој украински живот што го одзедовте! нагласи Зеленски.

*

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на регионите Херсон и Запорижја како „независни територии“ откако таму беа одржани псевдореферендуми,објави пропагандниот медиум РИА Новости. Путин ги оправдува своите акти на агресија со „универзално признати принципи и норми на меѓународното право“ кои се вградени во Повелбата на ОН.

*

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД никогаш нема да ги признаат руските претензии врз суверена територија на Украина и дека ќе воведат нови санкции против Москва откако таа ќе припои нови области на Украина. Говорејќи пред лидерите на островите во Тихиот Океан, Бајден ги осуди псевдореферендумите што проруските сили ги спроведоа во областите на Украина како „апсолутна измама“, велејќи дека резултатите се „произведени во Москва“.

*

Обединетото Кралство никогаш нема да ја признае анексијата на украинските региони Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје, вели британската премиерка Лиз Трас, пренесува  Euronews.

„Не може да му се дозволи на Путин да ги менува меѓународните граници користејќи брутална сила. Ќе се погрижиме да ја загуби оваа незаконска војна“, се вели во соопштението на Трас.

СВЕТ

Ураганот Ијан повторно зајакна и денеска ќе се приближи до брегот на Јужна Каролина, објави Националниот центар за урагани (НХЦ). Ијан, кој ослабна до тропска бура откако ја опустоши Флорида, сега е оддалечен околу 540 километри од Кејп Феар, Северна Каролина, а ветровите дуваат со брзина од 120 километри на час.

РЕГИОН

Владата на Република Србија на денешната седница донесе повеќе изменети прописи и одлуки, чија важност истекува на 31 октомври, меѓу кои е и Одлуката за привремена забрана за извоз на млеко и млечни производи.

-Со оваа мерка ќе се спречат можни штетни последици врз стопанството и граѓаните, а измените се направени со цел да се ублажат последиците и да се спречи критичен недостиг на млеко и млечни производи, поради зголемениот извоз и потребата на населението од зголемено снабдување предизвикано од кризата на светскиот пазар, се наведува во соопштението на владата.

*

Како дел од новиот пакет санкции против Русија, министрите за енергетика на Европската унија најверојатно ќе одобрат мерка со која земјите од Западен Балкан се ослободуваат од ограничувањата на руската сурова нафта, која има за цел евентуално да го избегне заобиколувањето на санкциите. „За да се заштити енергетската безбедност на Западен Балкан, неопходно е да се предвиди отстапување што ќе овозможи транзит на руска сурова нафта преку гасоводот низ Хрватска, под услов таквиот транзит да остане во границите на просечните нивоа на транзит од претходните години со цел да се избегне заобиколување санкции“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ФИНАНСИИ Државата за само девет месеци од оваа година извршила поврат на ДДВ кон стопанството во износ од 30,7 милијарди денари. Тоа е историски највисоко ниво на поврат на ДДВ извршен кон стопанството досега. Само за споредба износот вратен кон фирмите во деветте месеци од оваа година е за 48,9 отсто повеќе во споредба со повратот на ДДВ извршен за 12 месеци од 2021 година, додека во споредба со 2020 и 2019 година тој процент, е над 70 отсто, односно 72,8 и 75,5 проценти.

ОДБРАНА Армијата на Република Северна Македонија добива 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот на капацитетите за сајбер одбрана. Американската поддршка, како што соопшти Министерство за одбрана, е во насока на достигнување на НАТО целите на способности и зголемување на интероперабилноста со американските вооружени сили и со сојузниците во Алијансата.

ОТВОРЕН БАЛКАН Соработката меѓу нашите држави доживеа вистински подем со иницијативата Отворен Балкан иако постоеше и претходно. Во овој момент институциите на Северна Македонија, Албанија и Србија се во редовен контакт, брзо реагираат на секој предизвик, се познаваат меѓу себе, се изградија пријателства, вели во интервју за „Локално“, националниот координатор за регионална соработка и европски интеграции, Нола Исмајлоска-Старова, која ја презема и координацијата за подготовка на договорите во иницијативата „Отворен Балкан“.

ПОПИС Државниот завод за статистика денес објави нов сет на податоци од Попис 2021 кои се однесуваат на брачниот статус на населението, бројот на живородени деца и миграциите внатре во државата. Според Пописот 2021, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе,
според брачниот статус, 23. 8 % се неженети/ немажени, 65.3% се мажени /женети, 7.2% се
вдовци / вдовици и 1.6% се разведени. Регистрирани се и вкупно 3 случаи на вдовци/ вдовици и
13 случаи на рзведени во возрасната група од 15 -19 години.

ДИСТРИКТ

Ретро ДИСТРИКТ 16: Кристина Атовска, Мерита Максути, Ненад Јовановиќ, Влатко Данилов, Џелал Хоџиќ


Целите интервјуа гледајте ги на линковите:

Кристина Атовска: https://civilmedia.mk/atovska-mojot-prioritet-vo-novinarstvoto-se-predizvitsite/

Мерита Максути: https://civilmedia.mk/maksuti-so-balkanska-kultura-imame-li-urbano-evropsko-zhiveene/

Ненад Јовановиќ: https://civilmedia.mk/jovanovik-vo-tridetseniskata-samostojnost-desnitsata-nikogash-nishto-dobro-ne-donela-na-zemjava/

Влатко Данилов: https://civilmedia.mk/danilov-do-efikasna-administratsija-potrebna-e-i-efikasna-politichka-volja/

Џелал Хоџиќ: https://civilmedia.mk/hodhik-ruskata-agresija-vrz-ukraina-e-uzhasno-zlostorstvo/

СЛОБОДНА ЗОНА

Војо Маневски

На економски план изгледа ќе ги напуштиме либералистичките теории и модели кои оставаа се да разреши пазарот и конкуренцијата. Ако не се помогне со прифатлива цена на енергија за стопанството на пролет и ќе нема ни потреба да чекаме пазарна саморегулација на односите зошто и ќе нема што да се регулира. Едноставен е одговорот. Нашата економија не може да го издржи тој товар со прескапи енергенси. Досегашните навики на филозофија „ден за ден“ завршија. Евтини кредити на Светската берза нема. Погледнете ја стапката на Либор каматите за последните месеци и сѐ ќе ви биде јасно. Овде економската наука ја потврдува својата карактеристика како применета математика, пишува Војо Маневски во колумната „ Разјазолување“.

Борјан Јовановски

Потпишувањето на договорот за консултации со Москва во опасност ја става и иницијативата Отворен Балкан, бидејќи во незгодна позиција ги става Македонија и Албанија, ги одвраќа од приклучување колебливите држави како Босна и Црна Гора и воедно го зголемува отпорот кон оваа иницијатива меѓу некои земји членки на ЕУ кои инсистираат иницијативата Отворен Балкан да биде вон рамките и принципите на заедничката надворешна политика на ЕУ, пишува Борјан Јовановски во анализата „ Србија во опасност од прекин на преговорите за членство во ЕУ“

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ