• Latest
Днипро, Украина, 5 мај 2026 (фото: ДСНС Украина)

Руски терор и злосторничка тактика на „двоен удар“, истовремено со реторика за прекин на огнот: Убиени цивили и спасувачи, погодена енергетската инфраструктура

May 5, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руски терор и злосторничка тактика на „двоен удар“, истовремено со реторика за прекин на огнот: Убиени цивили и спасувачи, погодена енергетската инфраструктура

May 5, 2026 10:47
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Днипро, Украина, 5 мај 2026 (фото: ДСНС Украина)

Днипро, Украина, 5 мај 2026 (фото: ДСНС Украина)

Share on FacebookShare on Twitter

Скопје / Кијив, 5 мај 2026 – Ден 1532 од руската целосна агресија врз Украина е одбележан со нов масовен комбиниран напад со ракети и беспилотни летала, насочен кон критична енергетска инфраструктура и цивилни цели, при што загинаа најмалку пет лица, меѓу кои и спасувачи кои пристигнале да помогнат.

Според украинските власти, Русија во текот на ноќта лансирала 11 ракети и 164 дронови, погодувајќи повеќе региони низ земјата. Најтешко погодени се Полтавската, Харкивската и Днипровската област, како и делови од Запорижја и Кијивската област.

Особено вознемирувачки е фактот што руските сили извршиле т.н. „двоен удар“ – повторно гаѓајќи ја истата локација додека спасувачките екипи веќе интервенирале на терен. Во тие напади загинале и припадници на службите за итни случаи.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, остро реагираше на нападите, истакнувајќи:

„Ноќеска Русите ја нападнаа енергетската инфраструктура во Полтавската област. И многу подло повторно удрија со ракета кога веќе имаше припадници на ДСНС – кои го гасеа пожарот. Во овој момент се знае за десетици повредени. За жал, загинаа четири лица, меѓу кои и двајца спасувачи. Тоа се Херојот на Украина Виктор Кузменко, кој повеќе од 50 пати ги отстранувал последиците од гранатирања, и Дмитро Скрил, кој служел во ДСНС повеќе од 20 години. Моето искрено сочувство до семејствата и блиските.

Имаше напади и во Харкивската област. Четири лица се повредени. За жал, едно лице загина. Моето сочувство до сите. Критичната инфраструктура беше нападната и во Днипровската област. Три лица се повредени. Во Павлоград е оштетена електропреносната мрежа, поради што илјадници семејства останаа без струја. Имаше удари и во Запорижја и Кијивската област, каде што три лица се повредени. Генерално, главната цел на Русија оваа ноќ беа објектите на нашата енергетска инфраструктура.“

Украинската амбасадорка Лариса Дир, која води своевиден дневник на војната со секојдневни објави за најважните настани и изјави, денеска ги сподели основните податоци за најновиот напад на рускиот агресор.

„Ден 1532. Изминатата ноќ рф ја нападна Украина со 11 ракети и 164 дронови, при што уби најмалку 5 лица, меѓу кои и спасувачи кои пристигнале да помогнат. Десетици повредени, уништена инфраструктура на 🇺🇦. Државниот терор на рф продолжува. #RussiaIsATerroristState“

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, посочи на лицемерието на Москва која истовремено зборува за прекин на огнот, но не одговара на украинскиот предлог.

„Додека светот го очекува одговорот на Москва во врска со предлогот на Украина за прекин на огнот, кој треба да започне на полноќ меѓу 5 и 6 мај, Русија го демонстрира своето вистинско лице како терорист.“

Ден 1532. Изминатата ноќ рф ја нападна Украина со 11 ракети и 164 дронови, при што уби најмалку 5 лица, меѓу кои и спасувачи кои пристигнале да помогнат. Десетици повредени, уништена инфраструктура на🇺🇦. Државниот терор на рф продолжува. #RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/qCJJdl5GXF

— Larysa Dir (@dir_larysa) May 5, 2026

Овие напади се случуваат во момент кога Украина предлага вистински прекин на огнот, но на теренот борбените дејства не запираат. Наместо деескалација, руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура продолжуваат со висок интензитет.

Последниот напад, со директно таргетирање на спасувачки екипи и енергетски капацитети, ја потврдува стратегијата на систематско уништување и сеење терор.

Додека дипломатските иницијативи остануваат без одговор, реалноста на теренот покажува дека војната продолжува со несмалена жестина, а рускиот терор е насочен против цивилите и оние што спасуваат животи.

Џ. Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ