• Latest
Фото: Скриншот од веб портали

Рускиот пропаганден наратив за „киевскиот режим“ се одомаќини во дел од македонските и српските портали

September 4, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС

Рускиот пропаганден наратив за „киевскиот режим“ се одомаќини во дел од македонските и српските портали

September 4, 2025 13:52
in АНАЛИЗИ, ДИСКУРС, МЕДИУМИ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Фото: Скриншот од веб портали

Фото: Скриншот од веб портали

Share on FacebookShare on Twitter

„Ново коло, нова среќа“, вака гласеше пораката на извлекувањето на ЛОТО бројките во поранешна Југославија. Се чини дека медиумите во дел од поранешна Југославија, поточно Србија и Северна Македонија, на оваа „крилатица“ се повикуваат при секојдневното ширење на руските пропагандни наративи на овие простори.

Така, како што забележа  Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, (ЦХТМ), во дел од медиумите во земјава и во соседството, се дистрибуира изјавата на поранешниот претседател на Полска, Анджеј „Дуда: Зеленски сакаше да ја вовлече Полска во војна со Русија“, или на српски “Duda: Zelenski hteo da uvuče Poljsku u rat sa Rusijom“, преземена од полското политичко списание „Do Rzeczy“, во кое се пренесени одговори на новинарски прашања на поранешниот полски претседател Анджеј Дуда.

Иако насловод е дословно преведен, домашните и српските медиуми имаат вметнато сопствена интерпретација при преносот на текстот, при што во своите текстови, за разлика од оригиналниот полски, украинскиот претседател го нарекуваат „шефот на киевскиот режим“, сосема во складот на формулацијата на руските пропагандисти.

Текстот со руска класификација на украинскиот претседател прво е објавен во српскиот владин медиум „Политика“

Текстот потоа во Северна Македонија прв го пренесува националната агенција Макфакс.

Од Макфакс го преземаат уште неколку македонски портали, повеќето од нив познати на тимот на ЦХТМ од претходен мониторинг за присуството на руските пропагандно-манипулативни наративи, кој го пренесуват текстот во целост, заедно со манипулативниот назив произлезен од руските пропагандисти за претседателот Зеленски.

Во преземениот текст од Макфакс се провлекува уште една додадена реченица која ја нема во оригиналниот текст: „Изјавата на Анджеј Дуда повторно го отвори прашањето како Киев се обидел да го насочи текот на јавната дебата и односите во регионот, особено во време кога војната во Украина веќе длабоко ја подели Европа, според медиумот“, иако во текстот на полскиот медиум од каде што ја преземаат веста , воопшто нема таква конструкција. Очигледно истата е напишана во канцеларијата на начачателот од Црвениот плоштад.

Зголемената руска пропаганда во дел од македонските медиуми во пресрет на локалните избори има повеќекратни цели, кои се во корелација во пошироката стратегија на Кремљ за влијание во Европа, на Балканот, вклучително и во Северна Македонија, членка на НАТО и претендент за влез во ЕУ, при што се стреми да ги прикаже ЕУ како лицемерна, корумпирана или непријателски настроена, а НАТО како „окупатор“, со што треба да го ослаби кредибилитетот на овие институции кај граѓаните.

Целта на зголеменото присуство на руските пропагандни наративи е создавање амбиент на недоверба, нестабилност, назадување на демократските процеси и забавување на евроатлантските интеграции, со што Северна Македонија би останала подложна на руско влијание и ранлива за идни геополитички игри.

Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ)

Tags: проруски македонски и српски медиумиРуска пропагадна и дезинформации
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ