• Latest

Резолуцијата за Македонија на второ разгледување

February 27, 2017

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Резолуцијата за Македонија на второ разгледување

February 27, 2017 11:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред денешното второ разгледување на македонската резолуција во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ-групата), за која утре треба да се гласа во Комитетот, европратениците усогласија 28 компромисни амандмани, кои содржат и термини „Македонија“, „македонски“ и слично, но исто така, и предвидување дека македонската држава ќе добие нова влада, па се бара „транспарентна транзиција“.

Компромисните 28 амандмани на текстот на известувачот Иво Вајгл, се замена за 318-те амандмани, поднесени на Предлог-резолуцијата за Република Македонија, во кои речиси две третини се од грчките и бугарските европратеници.

Попладнево, европратениците во Комитетот за надворешни работи ќе дебатираат и ќе се обидат за последен пат, да ги усогласат ставовите за македонската резолуција во Европскиот парламент, а утре ќе гласаат за неа.  На 14-ти март во Европскиот парламент во Стразбур, целиот состав на парламентот ќе ја донесе резолуцијата на пленарна седница.

Како што известува дописникот на МИА од Брисел, најпрвин се бара во Резолуцијата да се најде дека „ЕП ја потврдува својата недвосмислена и силна посветеност на процесот на пристапување на земјата во ЕУ“, како и дека „по две одложувања да се одржат предвремени парламентарни избори во Македонија, на 11-ти декември 2016 тие беа одржани во уредна и мирна атмосфера, во согласност со меѓународните стандарди и во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, и поминаа без поголеми инциденти, генерално добро спроведени, а одѕивот на гласачите беше висок“.

Во однос на очекуваните реформи на ЕУ во однос на правосудството, јавната администрација, основните права, добрососедски односи, медиумите и вработувањето на младите, се инсистира и „на преглед на охридскиот Рамковен договор“. А, за отворање на пристапните преговори за Македонија со Европската унија, наместо „безусловно“, како што се бараше претходно, сега, со компромисен амандман на Резолуцијата – „отворањето на преговорите за членство треба да се гарантира по исполнувањето на потребните услови“.

„Додека регионалната соработка и добрососедските односи се суштински елементи на процесот на проширување, на Процесот за стабилизација и асоцијација и на процесот на пристапување на земјата, билатералните спорови, не треба да се користат за да се попречи процесот на пристапување во ЕУ, ниту за отворањето на преговорите за членство, но да бидат соодветно опфатени во конструктивен дух и во согласност со стандардите на ЕУ и на ОН, а сите напори треба да водат кон одржување на добрососедските и меѓуетничките односи“, бараат европратениците.

Инаку, резолуциите на Европарламентот немаат правно дејство за сите држави, туку се само советодавни и може, но не мора да се земат предвид од другите ЕУ-институции и од земјите-членки на Европската унија.

Tags: АФЕТвладаЕвропски Парлементизборимакедонска резолуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ