• Latest

Ќе се урбанизира единствениот парк во Штип, институциите глуви за барањата на штипјани

August 1, 2016

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Ќе се урбанизира единствениот парк во Штип, институциите глуви за барањата на штипјани

August 1, 2016 16:43
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Локалните и државните институции остануваат глуви на барањата на штипјани, да не се гради приватен хотел, во единствениот парк „8-ми Ноември“, што се наоѓа во урбана штипска населба. Како што не информираше граѓанскиот новинар, Горан Трајков,  граѓаните протестираа од декември минатата година, а нивните барања, петиции, кривични пријави до Основното јавно обвинителство не се земени предвид. Локалната власт не го стави нивното барање ниту на дневен ред .

13871667_1111997925533854_89504573_n
Извор: Граѓански новинар

Горан Трајков, кој е член и на граѓанската иницијатива „Стоп!, за ЦИВИЛ Медиа изјави, „поднесовме две кривични пријави, во декември и јануари и се уште, еве веќе осум месеци нема никаков одговор од Основно јавно обвинителство. Од Министерството за транспорт и врски,соопштија дека документите што им ги испративме се на разгледување,а од Државниот инспекторат и натаму молчат.  Петицијата до Советот, никогаш не беше ставена на дневен ред, зашто како што ни одговорија, ‘Советот не е надлежен за тоа’“.

Тој истакнува дека Уставниот суд се смета за ненадлежен затоа што, за ова спорно земјиште има две спротивставени урбанистички решенија, два спротивставени подзаконски акта.

„Се поставува прашањето врз основа на што, Советот на Општина Штип, донел правилник во делот на спорните одредби, а не е ни спроведена постапка за пренамена на конкретните парцели“, објаснува Трајков.

13900892_1111998982200415_1056756586_n
Извор: Граѓански новинар

Во знак на незадолство, штипјани според најавите ќе ги продолажат протестите. Секоја среда со почеток во 20:00 часот ќе блокираат по една улица, се додека не иницираат конкретна активност на надлежните иституции.

Во текстот што ЦИВИЛ – Центар за слобода го објави на почетокот на годинава, може да ја проследите генезата на овој урбанистички проблем во Штип.

Марија Теговска 


civiv-lenses-logo-en-copy-500x414

Оваа содржина се објавува во рамките на јулскиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

 

Tags: институцииМакедонијапаркПротестЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ