САД не му дадоа виза за влез на началникот на Генералштабот на српската армија генерал Љубиша Диковиќ, објави весникот „Данас“
Според извори на весникот, Американците го поканиле Диковиќ да одржи говор во САД, но потоа не му дале виза, бидејќи присуствувал на руско-белоруски воени вежби во Русија во септември минатата година.
„Данас“ наведува дека воената вежба се одржала од 14 до 20 септември на полигонот Лужскиј во западна Русија на околу 100 км источно од границата со Естонија и тоа предизвика стравувања во некои членки на НАТО дека Русија може трајно да распореди војска во Белорусија и да изврши напади врз балтички држави.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.