• Latest
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски (фото извор: Кабинет на Претседателот)

Санкциите против рускиот агресор функционираат – олабавувањето ја финансира војната

March 27, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Санкциите против рускиот агресор функционираат – олабавувањето ја финансира војната

Амбасадорката на Украина Лариса Дир предупредува: попуштањето во енергетскиот сектор ја одржува руската агресија, додека претседателот Володимир Зеленски посочува дека само комбинацијата од санкции и воен притисок може да ја спречи Москва да ја финансира војната.

March 27, 2026 10:29
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕВРОПА, ИЗЈАВИ, КОНФЛИКТИ, ТОП 5
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски (фото извор: Кабинет на Претседателот)

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски (фото извор: Кабинет на Претседателот)

Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на пошироката дипломатска кампања на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во март 2026 година, со која тој ги повикува западните сојузници да не го намалуваат притисокот врз Москва, тој изјави дека заедничката санкциска политика на различни земји директно ги намали капацитетите на рускиот агресор.

„Заедничката санкциска политика на различни земји директно ги намали капацитетите на Руската Федерација. Русите ги заобиколуваа санкциите, и сето тоа го видовме, но на еден или друг начин, нивните приходи беа помали, и соодветно, помалку средства одеа во одбранбениот сектор. Буџетскиот дефицит на Руската Федерација растеше од година во година, достигнувајќи врв на почетокот на 2026 година“, изјави претседателот Зеленски деновиве.

Во денешната објава на социјалните мрежи, амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, предупреди дека олабавувањето на санкциите против енергетскиот сектор на рф не ја намалува интензивноста на борбените дејствија ниту во Украина, ниту во Иран.

„Олабавувањето на санкциите против енергетскиот сектор на рф не ја намалува интензивноста на борбените дејствија ниту во Украина, ниту во Иран. Притисокот треба да се одржува. Украина има свои далекуметни средства за одговор. Без тоа, рф нема да има стимул да ја запре војната“, напиша амбасадорката Дир.

Олабавувањето на санкциите против енергетскиот сектор на рф не ја намалува интензивноста на борбените дејствија ниту во Украина, ниту во Иран. Притисокот треба да се одржува. Украина има свои далекуметни средства за одговор. Без тоа, рф нема да има стимул да ја запре војната. pic.twitter.com/LtenegJQmB

— Larysa Dir (@dir_larysa) March 27, 2026

Инаку, според податоците што ги презентираше Зеленски деновиве, буџетскиот дефицит на Русија за 2026 година е проектиран на околу 100 милијарди долари. Ова е резултат на долготрајните санкции кои ја исцрпија руската економија, особено по четири години војна. Зеленски го користи овој аргумент за да покаже дека руската „воена машинерија“ е под огромен финансиски притисок и дека санкциите навистина функционираат.

И покрај дефицитот, Зеленски предупреди дека Русија успеала да заработи околу 10 милијарди долари само во првите две недели од март 2026 година, благодарение на привремените дозволи (лиценци) за продажба на нафта што се наоѓаше на танкери. Неговата порака е јасна: секое олеснување на санкциите директно го финансира производството на нови ракети и дронови за агресорот.

Зеленски истакна дека покрај економските санкции, „директните удари“ врз руската нафтена и одбранбена индустрија (со украинско вооружување) се клучни. Тој смета дека економската изолација и воениот притисок мора да одат рака под рака за Русија да не може да ги покрие своите долгови.

Јавноста во земјата е под силен пропаганден оган. Оттаму, од исклучителна важност е е јавноста да биде информирана за реалната економска состојба на агресорот и да се оправда потребата од континуирана поддршка и од помалите европски држави како Северна Македонија.

Џ. Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ