• Latest

Шарената револуција до пратениците: Не смее да има компромиси околу правдата!

June 22, 2016

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шарената револуција до пратениците: Не смее да има компромиси околу правдата!

June 22, 2016 13:20
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Шарената револуција бара од пратениците во Собранието да „не учествуваат во работата на Собранието се додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и се додека не се гарантира учество на претставници на граѓанскиот сектор во разговорите и преговорите за излез од политичката криза“ 

„Уште еднаш ве уверуваме дека граѓаните одлучија да земат активна, конструктивна и одговорна улога во актуелната политичка криза и и дека 70-дневните протести и улични дејствија, изградија јасен граѓански, политички и вредносен став од кој нема отстапување. Нема отстапување од правдата и нема отстапување од одлучноста да се чуе и уважи гласот на граѓаните”, се вели во соопштението на Шарената револуција.
IMG_8378
Активистите кои се дел од движењето имаат неколку барања до актуелните пратеници.
“Пратеници, од вас бараме да дејствувате и да им помогнете на граѓаните да ја обезбедат заштитата на Специјалното јавно обвинителство, институцијата – симбол на правдата, институцијата која вие ја изгласавте без ниту еден глас против. Бараме од вас да застанете и во одбрана на Член 2 од Уставот на Република Македонија и да им помогнете на граѓаните да се изборат за тоа дека ‘суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување’. Пратеници, за да покажете дека стоите во одбрана на правдата, суверенитетот на граѓаните и Уставот, од вас бараме да не учествувате во работата на Собранието се додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и се додека не се гарантира учество на претставници на граѓанскиот сектор во разговорите и преговорите за излез од политичката криза, во улога на набљудувачи, извествувачи за јавност и консултанти”, стои во соопштението. 
Од Шарената револуција бараат што поитно да се постапи по нивните барања и препораки.
“Пратеници, дејствувајте веднаш и притоа, имајте ја предвид итноста на ситуацијата, решителноста на граѓаните да не се откажуваат од своите зацртани цели, но и тоа дека во јавноста постојат јасни заложби за заштитата на СЈО и за активното учество на граѓанскиот сектор во разговорите и преговорите. Дејствувајте итно по ова барање на граѓаните и преку ваше неучество во работата на Собранието укажете им јасно на Уставниот суд и на политичките актери кои се противат на граѓанското учеството во преговорите дека не смее да има компромиси околу правдата и околу демократската определба на Република Македонија”.
IMG_0663
Соопштението завршува со уште едно потсетување на барањата на Шарената револуција, поради кои изминатите два месеци континуирано се протестираше низ цела Македонија.
Tags: барањаМакедонијапратенициПротестсоопштениеЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ