• Latest

„Шарената револуција“ во хор: „Оставка!“ и „Робија“

April 25, 2016
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Шарената револуција“ во хор: „Оставка!“ и „Робија“

April 25, 2016 18:26
in КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ни дождот не ги сопре илјадниците незадоволници попладнево и вечерва, да го искажат својот протест на скопските улици, на релација Специјално јавно обвинителство – Собрание – Министерство за надворешни работи. И под илјадниците чадори, одекнуваше познатиот слоган „Нема правда, нема мир!“, но извиците „Оставка!“, се почесто беа заменувани со хорски скандирање „Робија!“, што е знак дека и трпението на демонстрантите за повторно враќање на правната држава и за судско казнување на криминалците, полека истекува…

Со аплаузи и овации беше дочекана веста дека се ослободени двајцата членови на Левица, професорот Здравко Савески и Владимир Куновски,  кои беа приведени поради наводно учество во толпа на 13 април, кога беше демолирана Народната канцеларија на Иванов, но подоцна беше соопштено дека на обајцата им се одземени пасошите и дека се задржани во куќен притвор.

DSC_0107

Меѓу демонстрантите со голем транспарент, денеска беа и членови и поддржувачи на Сојузот на борците, во чија колона на протестот дојде и лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Пензионираниот професор Иван Бабановски, пред Собранието побара од своите некогашни студенти, денес вработени во МВР, да застанат на страната на правдата. „Ги повикувам моите поранешни студенти да не ги штитат, туку да ги затворат криминалците“, истакна Бабановски.
Листа на барања на демонстрантите е непроменета: итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов, изјаснување на Уставниот суд за уставноста на СЈО и повлекување на одлуката за аболиција на сите против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство, формирање специјално одделение на Кривичниот суд надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги примени реформските приоритети од „Извештајот на Прибе“.

 

Tags: Македонијаполитичка кризаПротестиСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ