• Latest

Сè е исто, само Живаљевиќ го нема!

August 25, 2017
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сè е исто, само Живаљевиќ го нема!

August 25, 2017 10:43
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денеска во 15 часот во ВИП салонот на Градската куќа во Ниш, ќе оствари средба со првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ.

Со враќањето на дипломатскиот персонал од консултациите во Белград, Амбасадата на Србија во Македонија продолжува со работа, а сите активности, вклучувајќи ги конзуларните, се одвиваат со нормално темпо.  Амбасадорката Душанка Дивјак ќе се врати на должност на крајот на август, а ќе се сретне со македонскиот премиер Зоран Заев на 1 септември. Премиерот Заев, ќе се сретне со српската премиерка Ана Брнабиќ во Драч, Албанија, на неформалниот состанок на земјите од Западен Балкан. Од Белград е најавено и дека премиерката Брнабиќ ќе испрати повик до македонскиот колега Заев за одржување на заедничка седница на владите на двете земји до крајот на годината.

Според медиумите,  српскиот претседател Александар Вучиќ и порачал на македонската амбасадорка во Белград, Вера Јовановска – Типко, дека постои заеднички став оти „е потребно да работиме вредно и одговорно во унапредување на односите меѓу нашите земји“ и најавил дека по именувањето на советник за национална безбедност на Република Србија, тој ќе има состанок со неговиот македонски пандан.

Српското Министерство за надворешни работи на 19 август испрати нота до македонското МНР за повлекување на целиот дипломатски персонал поради сомненија дека дипломатите и вработените истите биле следени и прислушувани, а српските челници Вучиќ и Дачиќ, изјавија дека врз Србија се спроведува  разузнавачка офанзива од Македонија и од странска сила, и дека се запознаени со сите активности кои се вршат во Македонија.

Српскиот разунавач Горан Живаљевиќ дел од персоналот во амбасадата во Скопје, за кого претседателот Вучиќ рече дека е повлечен во Белград за смирување на тензиите, иако со знаење на македонските власти бил присутен на крвавите настани во македонското Собрание на 27 април, во интервју за „Танјуг“ потврди дека во Собранието влегол со знаење на Синиша Алексовски, советник за безбедност на претседателот Ѓорге Иванов: „Моето присуство во Собранието не беше тајно. Мојата мисија не беше тајна, ниту со лоша намера, и пред сè, македонските служби беа информирани“

[divide]

фото: МЕТА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БрнабиќВучиќДачиќДимитровдипломатијаЗаевМакедонијаприслушувањеследењеСрбија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ