• Latest

Северна Македонија со скок од две места според перцепцијата на корупција на новиот Индекс на Транспаренси

January 31, 2023

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Северна Македонија со скок од две места според перцепцијата на корупција на новиот Индекс на Транспаренси

January 31, 2023 10:19
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија се најде на 85 место од 180 светски држави според Индексот за перцепција на корупцијата, кој секоја година го објавува Транспаренси Итернешнел.

Со 40 поени, на скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, земјава изминатава година напредувала две места во споредба со минатогодишното рангирање. Во споредба со лани Индексот е зголемен за еден поен.

Од државите во регионот, најдобро позиционирана е Словенија на 41 место, Грција е 51, Црна Гора 65, Бугарија 72, Косово 84, Србија е 101, а Босна и Херцеговина е на 110 место.

Во светски рамки годинава Данска, Финска и Нов Зеланд повторно се најдоа на врвот како најмалку корумпирани држави. Данска е прва со 90 поени од можни 100, додека Финска и Нов Зеланд го делат второто место со 87 поени. Во првите 10 најмалку корумпирани држави се уште и Норвешка, Сингапур, Шведска, Швајцарија, Холандија, Германија, Ирска и Луксембург. Како најкорумпирани земји во светот според Транспаренси Интернешнел се сметаат Сомалија, Сирија и Јужен Судан, кои се на последните три позиции.

Во последните пет години најголеми позитивни поместувања биле регистрирани кај Ангола (+14 индексни поени), Малдиви (+11) и Виетнам (+9), додека најголеми назадувања се забележуваат кај Велика Британија и Канада (-7 индексни поени), Пакистан и Малезија (-6).

Овогодишниот Индекс открива дека мнозинството земји во светот не успеваат да ја сопрат корупцијата. Повеќе од две третини од државите имаат Индекс помал од 50 поени, додека дури 26 држави минатата година стигнале до нивниот најлош резултат според перцепцијата на корупцијата досега. Во споредба со 2012 година дури 155 држави немале никаков значаен напредок во справувањето со корупцијата или пак назадувале.

„Корупцијата го направи нашиот свет поопасно место. Додека владите колективно не успеваат да направат напредок против оваа појава, тие го подгоруваат моменталниот раст на насилство и конфликт и ги загрозуваат луѓето низ целиот свет. Единствен начин да се излезе од оваа состојба е државите да ја направат тешката работа за искоренување на корупцијата на сите можни нивоа и да обезбедат владите да работат за граѓаните, не само за малите елити“, вели Делиа Фереира Рубио, дел од извршниот одбор на Транспаренси Интернешнел.

Tags: КорупцијаСеверна МакедонијаТранспаренси Интернешнел
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ