• Latest

Северна Македонија застана на кормилото на ОБСЕ

January 13, 2023

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Северна Македонија застана на кормилото на ОБСЕ

January 13, 2023 08:21
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕКОНОМИЈА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија, нашите тимови во Скопје и во Виена ќе бидат целосно посветени на мисијата. Со искрена посветеност и чувство на одговорност почестени сме и горди што ќе бидеме на кормилото на ОБСЕ во 2023 и што ќе бидеме чувари на нашите вредности и обврски.  Вредностите на ОБСЕ денеска се поважни од кога и да било. Наша прва мисија и цел е да повикаме на итен прекин на агресијата, запирање на страдањето на луѓето на терен, повлекување на сите трупи и повторно обврзување на принципите и вредносните на оваа организација, порача вчера во Виена шефот на дипломатијата Бујар Османи во улога на претседавач на ОБСЕ на заедничката прес-конференција со генералната секретарка на организацијата Хелга Марија Шмид.

-Најголемиот предизвик во имплементацијата на нашата агенда ќе биде во контекст на тешките околности, но единството околу принципите и заложбите на ОБСЕ се изворот на надеж и охрабрување. Руската воена агресија врз Украина, која ги урива самите основи и заложби на Организацијата, го зајакнува ова единство. Денес, се чини дека нашите вредности се поважни од кога било. Актуелните предизвици не се причина за дефетизам, туку поттик за засилување на нашите напори и  ангажман, истакна Османи.

Тој рече дека додека Украина ќе остане топ приоритет, мора да ги поставиме високо на агендата и другите конфликти во регионот на ОБСЕ, бидејќи, како што посочи, тие исто така се извор на тензии и човечко страдање.

-ОБСЕ останува важен повеќе од кога и да било. Сведоци сме на неговите потенцијали во минатото. Треба да создадеме услови на терен за целосно да го зголемиме потенцијалот на организацијата. Се докажа дека ОБСЕ може да ја големи довербата и да обезбеди предвидливост. Ова денес е од витално значење. Мора да дејствуваме овде и сега за доброто на луѓето. Луѓето се први кои се на удар на геополитичките превирања. Оние кои се изложени директно во воениот конфликт страдаат најмногу, тие најмногу ја чувствуваат несигурноста и небезбедноста, рече Османи.

Тој нагласи дека на обичните луѓе им е доста од политиката на моќ и оти тие се чувствуваат уморни од секојдневната неизвесност и размислуваат што ќе донесе утрешнината.

-Тие треба да се ослободат од стравот од војна и да им се врати мирот. Нашиот фокус овде во Хофбург мора да биде на луѓето. Тие треба да бидат во центарот на нашето внимание и размислувања. Сакам јасно да порачам, ние работиме за нив. Затоа, мотото и движечката сила на претседателството гласи „За луѓето се работи“. Постои, би рекол, органска врска помеѓу ова кредо и целокупната мисија на ОБСЕ. ОБСЕ е формирана поради оваа причина, неговата главна цел е да го спречи човечкото страдање, рече Османи.

Тој подвлече дека зборовите треба да се пренесат во акција, да се покаже политичка волја и да бидеме одговорни за сопствените акции.

-Луѓето во регионот на ОБСЕ очекуваат и заслужуваат одговорна акција. ОБСЕ нуди платформа за дијалог. Дијалогот е нешто што е многу блиску до нашето разбирање за градење мостови и решавање разлики. Дијалогот треба да биде значаен и базиран врз интегритет. За тоа да се случи ние повторно треба да се обврземе на нашите вредности, порача Османи.

Османи оцени дека принципите и обврските на ОБСЕ не можат да бидат предмет на преговори.

-Наша работа како претседавачи на ОБСЕ е да ја водиме организација во овие тешки времиња, но тоа е и одговорност која ја споделуваат сите 57 земји членки во насока на исполнување на нашите приоритети и програма што им служи на луѓето и на сите земји-членки. Не треба да измислуваме нови решенија, принципите и обврските на организацијата не можат да бидат предмет на преговори. Нема и не може да преговраме за овие принципи кои се темелот на оваа организација и причина за нејзиното постоење. Она што можеме е да работиме со сите наши членки во насока да се обнови дијалогот и да се реафирмира посветеноста на тие принципи, појасни Османи на новинарско прашање на прес-конференцијата по презентацијата на приоритетите.

Османи претходно пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена ја презентираше програмата на нашето претседавање со организацијата за 2023 година.

-Воената агресија против Украина продолжува да го покажува својот грд лик. Мирот е разрушен. Луѓето продолжуваат да умираат и да страдаат. Нашата меѓусебна доверба е длабоко поткопана. Сепак, уверен сум дека нашите надежи за подобра иднина за нашата Организација, земјите кои ги претставуваме и луѓето на кои им служиме остануваат високи. Се работи за нив, се работи за луѓето. Ова е нашето мото и силата која нѐ води за годината што претстои, рече Османи, презентирајќи ги приоритетите на претседавањето.

Упатувајќи честитки за полското претседавање претходната година, нагласи дека ОБСЕ треба да даде резултати во тешки времиња, и има обврска и капацитет да ги заштити интересите на луѓето. Но, прашањето кое се поставува, вели, е „дали имаме силна и недвосмислена политичка волја за надминување на предизвиците заради мирот, стабилноста и благосостојбата?“.

-Одговорот на ова прашање треба заеднички да дојде од сите 57 држави учеснички и не може сама нималку да го даде ниту една држава учесничка во текот на својот мандат на кормилото на оваа организација. Нашиот план во 2023 година е повторно да го заживееме овој дух. И покрај сите тешкотии, нашата Организација го докажа својот потенцијал. Мора да му дадеме дополнителна поддршка на ОБСЕ за да одговори на својата задача. Тоа подразбира брзо усвојување на единствениот буџет на организацијата. Начелата и заложбите не треба да останат само флоскули, нагласи Османи.

Во пресрет на 50-годишнината од усвојувањето на Хелсиншкиот документ, посочи Османи, историјата ќе нѐ памети по делата, а не по нашите ветувања, размислувања и изјави, и затоа вели, мора да ги преточиме зборовите во дела за да ја обезбедиме функционалноста на ОБСЕ.

Програмата на претседавањето претстојнава година, рече Османи ќе се фокусира на: обезбедување поддршка за една функционална и флексибилна ОБСЕ, нудејќи разновиден комплет алатки кои би помогнале за обновување на мирот и безбедноста, спречување на конфликти и промовирање на соработка низ регионот на ОБСЕ, потоа на промовирање на човековата безбедност преку обезбедување поддршка за одржлив економски раст и еколошка соработка и овозможување почитување на основните човекови права и промоцијата на толеранцијата и недискриминацијата како предуслови за сеопфатна безбедност.

Северна Македонија, рече Османи, ќе ја засили работата на ОБСЕ на терен, ќе вложи напори да ја подобри координацијата и заедничкото носителство на активностите како предуслов за позитивни промени.

Тој го претстави планот на нашето претседавање за воведување на позиција Специјален претставник на Претседавачот за граѓанско општество, како доказ за посветеноста да одговориме на потребите на луѓето. Воедно, информира за намерата да ја покани Финска да се приклучи на форматот Тројка на ОБСЕ сè додека не се изнајде решение за идната држава претседавач со ОБСЕ во 2024 година.

Руската агресија на Украина бесрамно ја нарушува европската безбедносна архитектура и основите и вредностите на кои се базира ОБСЕ и претставува закана за мирот на целиот европски континент и пошироко, рече Османи.

– Наша прва мисија и цел е да повикаме на итен прекин на агресијата, запирање на страдањето на луѓето на терен, повлекување на сите трупи и повторно обврзување на принципите и вредносните на оваа Организација, изјави Османи на заедничката прес-конференција со Марија Шмид.

Запрашан за тоа дали е можен договор за мир во Украина додека на власт во Москва е Владимир Путин, Османи изјави дека кој ќе ја води Русија е прашање за кое треба да решаваат руските граѓани и дека Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ стриктно ќе се придржува на принципите на организацијата, ќе ја продолжи комуникацијата со сите земји членки и нема да ги прекршува принципите што треба да ги штити.

– Моја порака до Русија, како една од земји членки на оваа организација, е дека мора веднаш да ја запре агресијата и да се врати на почитување на принципите на кои се обврза кога се формираше ОБСЕ и да го спречи страдањето на луѓето на терен, истакна Османи.

Кога станува збор за тензиите во Југоисточна Европа, Османи истакна дека Северна Македонија која потекнува од тој регион ќе се потруди да ги пренесе своите искуства за развој на мултиетничката демократија и со тоа да придонесе за зајакнување на регионалната безбедност и мир.

– Внимателно ги следиме случувањата на северот на Косово, ги повикуваме двете страни да продолжат со комуникацијата и дијалогот и го охрабруваме посредувањето на ЕУ во дијалогот меѓу Србија и Косово, истакна Османи, додавајќи дека ОБСЕ ќе ги понуди услугите и капацитетите на својата мисија во Косово за поддршка на тој дијалог.

Османи нагласи дека подеднакво внимателно треба да се следат сите потенцијални конфликти во Европа, кои можат да ескалираат поради различни политички агенди, вклучително и на Западниот Балканот.

– На Западниот Балкан има отворени прашања кои имаат потенцијал за ескалација и затоа е важно да работиме на мотивирање на регионот да го продолжи патот кон европските интеграции, што се покажа дека е најсилната движечка сила за придвижување на регионот напред и е воедно најголемата кохезивна алатка за спречување на конфликтите наративи. Секако тука има место и за ОБСЕ, истакна Османи, потсетувајќи дека првата мисија на ОБСЕ беше токму во земјава и дека таа е пример за успешна приказна, што може да служи за пример и во други држави.

Шмид, од своја страна, нагласи дека клучна задача на ОБСЕ е поддршката на Украина и на луѓето кои страдаат како последица на руската агресија, што ќе е целта на новата програма за поддршка, но исто така и да им се помогне на соседните земји врз кои влијае украинскиот конфликт. Таа потсети дека ОБСЕ всушност е формирана во време на Студената војна со цел да се превенираат можни конфликти и да се намалат тензиите во Европа.

Шмид оцени оти нема дилеми дека се прекршени некои од основните принципи на Хелсиншката декларација со нападот врз Украина.

Фото: миа.мк

Tags: Бујар ОсманиОБСЕУкраинаХелга Марија Шмид
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ