• Latest

Шајн: Имаше обиди за разбивање на „Отворен Балкан“, но сега јасно се прикажани успесите од иницијативата

April 11, 2023

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Шајн: Имаше обиди за разбивање на „Отворен Балкан“, но сега јасно се прикажани успесите од иницијативата

April 11, 2023 22:04
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Кога Србија и Албанија седнаа на иста маса во октомври 2019 година, никој не веруваше дека овие две земји ќе си подадат пријателска рака и ќе воспостават заедничка регионална иницијатива „Отворен Балкан“ со Северна Македонија, оценува колумнистот Жељко Шајн.

Според него оваа иницијатива на Србија, Албанија и Северна Македонија ги отвори вратите и за другите соседи, со заедничка цел: да се имплементираат четирите слободи на ЕУ што е можно поскоро во регионот на Западен Балкан – движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, со цел да се олесни животот на граѓаните и да се подобри бизнисот.

Иако има политички несогласувања меѓу членките на „Отворен Балкан“ – Албанија и Северна Македонија го признаа Косово како независна република, тие се и членки на НАТО, за разлика од Србија, која одржува воено неутрална политика – овие три земји најдоа заеднички јазик. За да постигнат просперитет на нивните земји тие делуваа преку заедничко дејствување во рамките на „Отворениот Балкан“, покажувајќи единство на европскиот пат, особено во Брисел. Но, имаше и противници на ваквата заедничка акција и обиди за разбивање на „Отворениот Балкан“. Имено, под изговор дека има поддршка од САД, министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервела Шварц, силно побара од тогашниот премиер Заев, Северна Македонија да излезе од иницијативата „Отворен Балкан“, во спротивно, како што рече таа, „ќе се справи со нив“. Сепак, политичарката изненадена од силната поддршка на Заев кон Вучиќ и Рама, ја напушти Северна Македонија. Времето покажа дека Американците од самиот почеток ја поддржуваа оваа иницијатива, како и дека со своето однесување Гервела, Курти и Тача беа послушници на оние кои секојдневно наоѓаа разни изговори за одложување на приемот на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а се појасно е дека потегот на Вучиќ, Рама и Заев, а сега и Ковачевски – е визионерски, пишува Шајн.

Тој додаде дека успесите на оваа иницијатива беа претставени на неодамнешната трибина во Бања Лука за „Отворен Балкан“ во организација на Здружението на млади економисти на Република Српска.

Меѓу учесниците на панелот беа Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија во Владата на Србија, Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Северна Македонија и домаќинот Златан Клокиќ, министер за европска интеграција и меѓународна соработка во Владата на Република Српска. Од нивната дискусија може да се заклучи дека е неопходно Босна и Херцеговина и Црна Гора што поскоро да се приклучат на иницијативата „Отворен Балкан“ за да се промовира слободата на животот и што поскоро да се приклучат кон ЕУ, бидејќи само солидна економија е основа на сите перспективи и зајакнување на мирот, заклучува Шајн.

Tags: АлбанијаевроинтеграцииекономијаЖељко ШајнМакедонијаОтворен БалканСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ