• Latest

Шанса за ВМРО – час поскоро

January 9, 2023
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шанса за ВМРО – час поскоро

January 9, 2023 21:45
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Завршија празниците. Merry Christmas and Happy New Year. Од кога си честитавме, ајде да видиме што би требало да ни е меѓу првите приоритети во врска со ЕУ. Или, поконкретно, што точно е наведено во драфт заклучоците од Советот на ЕУ во точката 4 :…” ќе овозможи ( се мисли на РСМ) зајакнување на еднаквите права на припадниците на малцинствата и заедниците во Северна Македонија и како таков ќе придонесе кон усогласувањето со Копенхашките политички критериуми, пишува во својата колумна проф. Ана Чупеска.

Во таа насока, Советот ја поздравува намерата на Северна Македонија, да започне и приоритетно да ги постигне релевантните уставни измени, со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во рамките на границите на државата и кои се дел од други народи, како што се Бугарите“…

Според ова, треба да си вистина забеган, да си отаде паметта, ваквото укажување да го толкуваш како “предавство”, или да го толкуваш како “измама”, уште повеќе – да тврдиш дека е уцена, или крајно контрадикторно – она што го прогласуваш за уцена и самиот го претвораш во trade off. Безвезе.

Во ова укажување, имено, фокус се копенхашките критериуми! На нив сме се обрзале мноооооооогу одамна. Од нив зависи нивото на оценката на нашата демократијата, оти тие се во непосредна врска со нејзиното практикување; Значи – фундаментални за демократијата се правата на припадниците на заедниците. Или, тие се една неминовност за секој успешен демократски поредок.

Само во наци- републикански услови ова би можело да биде проблем. Само кај наци-шовинисти и бољшевици може да отсуствува сензибилет за припадниците на Другоста и за гаранциите на правото на културен идентитет…Tака што, дури ми се чини дека не ни вреди да се коментираат некои фигури, бидејќи јасно ни е на сите кој како ја разбира демократијата.

Поточно, некој не ја ни разбира воопшто, а уште помалку па има капацитет да ја практикува…

Како и да е, важно е да се забелжи дека она што евентуално би го повлекле уставните измени преку збогатувањето на листингот на признаени и други заедници покрај постоечките наведени во Преамбулата, е дека тоа може да има реален ефект и на други инстанци.

Пред се мислам на парламентарниот Комитет за односите меѓу заедниците, кој ми се чини дека консеквентно би требало да биде збогатен со уште толку претставници колку што ќе има излистано признаени заедници.

Овој Комитет мили мои, беше креиран со Рамковниот договор, по амандманирањето на Уставот од 1991 година. Но, тој ја влече својата мултикутурна хронологија од неговиот претходник – Советот за меѓунационални односи, иако, на еден сосема друг начин дава придонес во акомодирањето на разликите во земјава. Ваквата наша институција е светски уникатна , а оригиналноста се огледа во тоа што треба да е гарант за инклузија во рацете на сите заедници што живеат во РСМ.

Сега, Комитетот брои 19 члена од кои Македонците и Албанците учествуваат со по 7 члена, а со 1 член партицираат Турците, Власите, Ромите, Србите и Бошњаците. Токму на овој начин, помалите заедници во РСМ имаат мнозинство во ова собраниско тело, чија главната функција е да ги разгледува прашањата за односите меѓу заедниците и да дава предлози за нивно решавање, а Собранието е должно овие да ги разгледува и да донесува одлуки во врска со тоа. Комитетот, што е најважно, одлучува во случај на спор во врска со спроведување на постапката за гласање според Бадентер во Собранието.

Е сега, откога ова го имаме пред себе, не е тешко ниту да утврдиме дека уставните измени кои ни се посочени како приоритетни би можеле само да ја збогатат нашата мултикултурна демократијата, т.е. да дадат еден посилен вредносен рефлекс и кон самиот охридски рамковен договор. Например дека не е екслузивно наменет за најбројната од помалубројните заедници ! ( како што некои вжештени глави упорно тврдат). Впрочем, може да антиципираме дека сево ова е предизвик и за дострелот на самиот ОРД, па оттука и да му се подигне влогот во македонскиот мултикутурен конституционализам.

Затоа што учеството во било кој форум ( во случајов- парламентарниот Комитетот) само ќе не збогати со многу повеќе културни перспективи од веќе постоечките… Зарем тоа не е европска вредност? Да потсетам , 27 национални перспективи се усогласуваат секојденвно на ниво на ЕУ, а не изостануваат ниту субационалните.

Убедена сум, со други зборови, дека, уставните измени треба да се случат , што би рекол Мицковски – час поскоро; а не тие да бидат алиби за анти-европска платформа. Дури би рекла дека и за ВМРО ова е една фина шанса да го запере бесознанието, па да покаже и малку поголема широчина вон македоно-центричното патриотско верглање и анти-еу расположение…

Конечно, претстојните уставни измени, не смеат да бидат предмет на етно-корпоративистичките амбиции и пазарења. Едноставно за ова мора да има целосна и консенсуална поддршка – надпартиска и надетничка. Тоа е тоа. Нема друго.

Извор: Либертас

Tags: вмроЕУинтеграцииРСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ