• Latest
by Balkan Green Energy News

Што е циркуларна економија?

May 27, 2024
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Што е циркуларна економија?

May 27, 2024 11:00
in ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ЕДУКАЦИЈА, ЗЕЛЕНИ, ТОП 5
by Balkan Green Energy News

by Balkan Green Energy News

Share on FacebookShare on Twitter

Ефикасното управување со ресурсите и намалување на отпадот се главните принципи на кои се заснова цирукларната економија. Една од главните цели, како економски модел, што би ја заменува линеарната економија е обнова на екосистемите и воведување иновации што ќе влијаат на промена на однесувањето на општеството.

И додека линеарната економија се сведува на профит со искористување на природните ресурси, особено оние што се небновливи, врз принципот земање, искористување и фрлање (создавање отпад), кој понатаму негативно влијае врз животната средина, зелената економија се стреми кон одржлив начин на делување, управување со ресурсите што се ограничени и селектирање, рециклирање и менаџирање со отпадот. Се разбира, во целиот процес на производство најбитно е создавање на минимум отпад.

Насочувањето на вниманието кон енергетската ефикасност и еколошката одржливост, кои се применливи во сите аспекти на животот, претставува темел на новиот начин на општествено однесување. На тој начин, човештвото настојува повторно да го воспостави изгубениот однос со природата, како и да ја врати вербата во можноста за понатамошен просперитет.

За да функционира циркуларна економија мора да учествуваат сите засегнати страни затоа што се очекува и таа да биде профитабилна, скоро како линеарното модел на економија. Истовремено, улогата на индустријата, потрошувачите, но и на политичките чинители е подеднакво важна.

Потребата од  воведување на моделот на циркуларната економија, Европската комисија (2017 година)го има преточено  во документ наречен „Манифест за Европа со ефикасни ресурси“ (Manifesto for a Resource-Efficient Europe), во кој јасно е нагласено дека „во светот со растечки притисок врз  природните ресурси и животната околина, Европската унија нема друг избор освен да тргне по патот на транзиција кон ресурсно ефикасно и во крајна линија регенеративен модел на циркуларната економија“.

Европската комисија го усвои новиот Aкционен план за циркуларна економија (CEAP) во март 2020 година. Тој е еден од главните сегменти на Европскиот зелен договор, новата европска агенда за одржлив раст. Транзицијата на ЕУ кон зелена економија ќе го намали притисокот врз природните ресурси и ќе создаде одржлив раст и работни места. Тоа е исто така предуслов да се постигне целта на ЕУ за климатска неутралност до 2050 година и да се запре загубата на биолошката разновидност.

Новиот акциски план има цел да го спречи приливот на отпад и да го пренасочи кон одржлив развој и потрошувачка зголемувајќи го животниот циклус на производите.

Северна Македонија нема стратегија за зелена економија, но има закони кои ја третираат животната средина, менаџирањето на отпад, како и стратегија за енергетика насочен кон зелена енергија според европските регулативи и како дел од Зелената агенда за Западен Балкан.


Повеќе информации:

Визии за зелена иднина


Оваа содржина е дел од активностите на ЦИВИЛ во големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (27-31 мај 2024) под мотото „Одржливи мостови: Обединување, издигнување, надополнување.“ Иницијативата ја спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, формирана по иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ