• Latest

Што ја одбележа Албанија во 2022 година: Политички тензии, сајбер напади и Самит ЕУ-Западен Балкан

January 7, 2023

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Што ја одбележа Албанија во 2022 година: Политички тензии, сајбер напади и Самит ЕУ-Западен Балкан

Протести, сајбер напади, судења, претседателски избори, шпијунажа, Самит ЕУ - Западен Балкан се главните настани што ја одбележаа 2022 година на политичката сцена во Република Албанија.

January 7, 2023 12:15
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанија, 2022 година, ја одбележаа низа настани, кои главно беа поврзани со политичките тензија меѓу Демократската партија и Социјалистичката партија. Mинатата година беше обележана и со обидот за отповикување на претседателот Илир Мета, но едни од најзначајните настани беа  сајбер нападите од страна на Иран и Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржа во Тирана.

Во кратка ретроспектива, вака изгледаше 2022 година политичката сцена на  Република Албанија:

Насилни протести пред седиштето на Демократската партија

2022 година за Албанија започна со  протести пред седиштето на Демократската партија на Албанија (ПД) на 8 јануари, придружени со тензии и инциденти, демонстрантите  со насилно влегување во седиштето односно кршење врати и прозорци, а во меѓувреме интервенираше полицијата за да ги растера демонстрантите.  За време на протестот, како последица од физичкото насилство помеѓу двете старни, но и од солзавецот беа повредени неколку лица. Во меѓувреме, по инцидентите и тензиите, дел од демонстрантите се преселија да протестираат пред седиштето на премиерот на Албанија.

Протести во Тирана, 8 јануари 2022 година

Антикорупција – поранешниот министер за внатрешни работи осуден на затворска казна

На 4 февруари поранешниот министер за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири, беше осуден на 3 години и 4 месеци затвор за злоупотреба на службената положба од Специјалниот апелационен суд за корупција и организиран криминал во Тирана.

Тахири првично беше истражен и суден за кривичните дела „Трговија со наркотици“ и „Структурирана криминална група“ за што пред неколку години беше прогласен за невин. Саимир Тахири ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи на Албанија во периодот 2013- 2017 година.

Уставниот суд ја поништи одлуката на Собранието за разрешување на претседателот Мета

На 7 февруари, Уставниот суд на Албанија го затвори рочиштето за преиспитување на одлуката на Собранието на Албанија за „разрешување на претседателот Илир Мета поради тешки прекршувања на Уставот“, каде на 17 февруари судот потврди дека ја поништи одлуката на Собранието со која не се одобри разрешување на поранешниот претседател Мета.

На 9 јуни 2021 година, Собранието на Албанија гласаше за разрешување на претседателот Мета, по барање на Социјалистичката партија на Албанија, со аргумент дека пред, и за време на изборната кампања за парламентарните избори на 25 април, Мета „извршил дејствија спротивно на Уставот“.

Тирана, домаќин на финалето на Конференциската лига на УЕФА

На 25 мај, на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана се одигра финалниот натпревар од Конференциската лига на УЕФА, Рим – Феенорд, кој заврши со резултат 1-0 во корист на италијанскиот тим. Римскиот гигант ќе биде запишан како прв шампион во новото натпреварување на УЕФА. Министерот за внатрешни работи на Албанија, Бледи Чучи, по седницата на владата, соопшти дека е донесена одлука 25 мај да биде празник за сите јавни институции во Тирана.

Иран изврши сајбер напад врз Албанија

На 17 јули, албанските власти потврдија дека е извршен масовен сајбер напад врз Албанија. Според властите, „сајбер агресијата била оркестрирана и спонзорирана од Исламската Република Иран“.

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека во рок од 24 часа е побарано целиот ирански дипломатски персонал да ја напушти Албанија. Рама нагласи дека истрагата довела до неоспорни докази дека Исламската Република Иран ангажирала четири групи за нападот врз Албанија, вклучително и една од најозлогласените групи на меѓународниот сајбер тероризам.

Албанија и Северна Македонија ги започнаа пристапните преговори со ЕУ

На 19 јули Албанија и Северна Македонија ги започнаа пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ). Пред одржувањето на меѓувладината конференција, премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама, се сретнаа со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот на Чешка, Петр Фиала, како претставник од чешкото претседателство.  Албанскиот премиер Рама по тој повод на социјалните мрежи напиша: „Албанија седнува на големата маса на обединета Европа за почеток на преговорите за нејзиното членство“. Целиот процес беше деблокиран кога Собранието на Северна Македонија го одобри францускиот предлог, ставајќи крај на бугарското вето за Северна Македонија, со тоа и на Албанија.

Ковачевски, Рама,Фиала и Фон дер Лејен, Брисел 19 јули 2022 година

Албанија е земја кандидат за членство во Европската Унија од 2014 година, додека Северна Македонија од 2005 година.

Бајрам Бегај ја презема функцијата претседател на Албанија

На 24 јули, Бајрам Бегај и официјално ја презеде функцијата претседател на Албанија. Бегај, кој ја извршуваше функцијата началник на Генералштабот на вооружените сили на Албанија, на 4 јуни годинава беше избран за нов претседател на Албанија со петгодишен мандат, на местото на поранешниот претседател Илир Мета.

Двајца руски и еден украински државјанин се обиделе да влезат во воена фабрика

На 20 август, се случи инцидент во воена фабрика во Грамш, Албанија, каде според албанските власти, двајца руски и еден украински државјанин се обиделе да влезат во фабриката, при што користеле и неопарализирачки спреј, при што како резултат на тоа двајца албански војници се повредени. По инцидентот странските државјани се уапсени.

За инцидентот во Грамш, приведени се странските државјани за сторени кривични дела „Напад поради должност“, „Давање тајни информации“ и „Давање информации“.

Во меѓувреме, еден ден по инцидентот во Грамш, полицијата уапси четворица чешки државјани осомничени дека се фотографирале пред Полицискиот воен погон, во округот на Берат, додека тие ќе бидат испитани на слобода.

Иран повторно изврши сајбер напад врз Албанија

На 10 септември, властите во Албанија потврдија дека е извршен уште еден сајбер напад од Иран против Албанија, поточно против системот за управување со информации (ТИМС), систем кој го проверува и администрира влезот и излезот на граничните точки на Албанија.

Заеднички состанок на Собранијата на Албанија и Косово

На 27 ноември, во Тирана се одржа првиот заеднички состанок на Собранието на Албанија и на Собранието на Косово, на кој учествуваа високи претставници од двете земји, во рамки на 110-годишнината од прогласувањето на независноста на Албанија.

Прв заеднички состанок на Собранијата на Албанија и Косово во Тирана

По интонирањето на двете химни, средбата во салата на пленарните седници на Собранието на Албанија продолжи со поздравните зборови на претседателката на Собранието на Албанија, Линдита Никола и на претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, додека говори имаа и министри на двете влади и лидери на пратенички групи од двата парламента. Владите на Албанија и Косово неколкупати одржаа заеднички владини состаноци, но ова е првпат на парламентарно ниво. На состанокот на собранијата беше истакнато дека станува збор за нова практика на соработка меѓу двете собранија, при што беше потпишан меморандум за соработка меѓу нив. Во рамките на одбележувањето на оваа годишнина се одржаа и културни активности.

Во Албанија се одржа Самитот ЕУ-Западен Балкан

– На 6 декември во Тирана беше организиран Самитот ЕУ-Западен Балкан. Самитот ги собра лидерите на ЕУ и на регионот, кои разговараа за повеќе прашања во главниот град на Албанија. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, високиот претставник/потпретседател Жозеп Борел, комесарот Оливер Вархеји, како и шефовите на влади или држави членки на ЕУ и партнери од Западен Балкан учествуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана.

Самит ЕУ – Западен Балкан во Тирана

Лидерите на ЕУ ја потврдија целосната и јасна посветеност на перспективата за членство во Европската унија на Западен Балкан. Тие повикаа на забрзување на пристапниот процес заснован на веродостојни реформи од страна на партнерите, правична и ригорозна условеност и принципот на сопствени заслуги.

Н. Абдурахмани


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: „ЕУ - Западен Балкан“АлбанијаЕди РамаИлир Метасајбер закани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ