Бидејќи се наоѓаме во екот на војна на нашиот континент, нешто што мислевме дека е невозможно пред само неколку недели, сведоци сме на воена агресија на нуклеарна сила која одбива да го признае територијалниот интегритет на суверена земја и многу сме загрижени за дезинформациите што се шират во српските медиуми, изјави амбасадорката на Шведска во Белград Аника Бен Давид, јави дописникот на МИА од Белград.
-Рековме, кога велам ние – мислам на Европската Унија, разговаравме со министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, дека очекуваме Владата на Србија да го направи својот дел од работата, да се пренесуваат веродостојни факти и информации во овие тешки моменти, изјави Бен Дејвид.
Медиумите се кислород за демократијата и правото на информирање е дел од слободата на изразување, а слободата на изразување е човеково право, како онлајн, така и офлајн, кажа таа, отворајќи ја тркалезната маса „Србија 2030: Медиуми и слободни избори“ организирана од неделникот Нова економија и Време.
Бен Дејвид кажа дека заштитата и унапредувањето на демократијата, човековите права и владеењето на правото се стратешки приоритети на надворешната политика на нејзината земја.
-Изборите се за еден месец, а само информираните граѓани можат да донесат информирани одлуки во тој процес. Медиумите во тоа имаат важна улога, нагласи таа. о