“Во нашата земја прогласувањето на дел од персоналот на руското посолство во Скопје не предизвика преголемо внимание, веројатно заради зачестеното прогласување на службеници дојдени од московското МНР за персона нон грата. Но прогласувањето на еден руски свештеник за недобредојден во земјава, а кој очевидно не бил редок гостин во МПЦ, секако заслужуваше многу повеќе внимание од нашата јавност§, вели Љубомир Костовски во анализата „Игри на олтари: Како рускиот свештеник со шпионско досие работел против автокефалноста на МПЦ“
„За да се задоволи таа оправдана љубопитност, секако, немавме доволно податоци, иако пост фестум реакциите што дојдоа од Софија, отвораат простор за да се согледа трансферзалата на антимакедонско дејствување на Руската православна црква на линија Москва – Софија – Скопје.
Но и да се запрашаме – колку е силно проруското лоби во рамките на нашата црква во моменти што ниту малку не се наивни во однос на нашата геополитичка позиција?!
Зошто на овој руски свештеник му се дозволило ги попречува процесите што токму актуелната власт ги спроведе, од планирање до реализација на сонот на тукашните православни верници за целосна автокефалија, оној сон уште од 1767 година, кога практично Охридската архиепископија го губи дотогашниот статус“, пишува Костовски.
ИГРИ ЗАД ОЛТАРОТ: Како рускиот свештеник со шпионско досие работел против автокефалноста на МПЦ