• Latest

Скопје се задушува, Владата молчи, Трајановски тврди дека се врши интензивен инспекциски надзор!

February 6, 2017

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Скопје се задушува, Владата молчи, Трајановски тврди дека се врши интензивен инспекциски надзор!

February 6, 2017 17:36
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Изминатиот викенд во Скопје загаденоста на воздухот беше десетици пати над дозволеното! Максималната концентрација на ПМ10 честичките беше највисока во Карпош од 1218 микрограми по метар кубен. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, воведе бесплатен јавен превоз на сите граѓанки и граѓани на Скопје, сé додека не се расчисти загадениот воздух и ги повика градоначалниците од скопскиот регион да им помогнат на Јавното сообраќајно претпријатие и приватните превозници?!

Министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети, на 25 јануари до Владата предложил мерки за намалување на загадувањето на воздухот, со воведување сообраќаен режим пар-непар и со тоа пто сите државни и јавни институции за 50 отсто би го намалиле користењето на службените возила.

По десетина дена од предлогот на министерот Амети, од Владата нема одговор, а од Град Скопје информираат дека заради сегашните прописи нема да се воведе пар-непар. Но, апелираат до надлежните министерства – за животна средина и просторно планирање, за внатрешни работи и за здравство, да предложат измени во законот за да може да се спроведе оваа мерка.

„Градот Скопје изминатите денови вршеше интензивен инспекциски надзор на инсталациите што се во негова надлежност и притоа изврши контрола на 36 инсталации, со мерење на емисијата на ПМ10 честичките. Притоа, утврдено е дека ниту една инсталација во наша надлежност не ги надминува граничните вредности“, изјави Трајановски.

Од Град Скопје, велат и дека викендов спровеле инспекциски надзор во сите топлани, во Топлификација АД – Топлана – Скопје Север, Балкан Енерџи Груп, АД ЕЛЕМ Енергетика, Топланата на Клиничкиот центар и Топланата на Болницата „8.Септември“ и се покажало дека сите посочени топлани работат исклучиво на гас, што значи дека не загадуваат и не поседуваат никаква залиха на мазут или нафта.

„Доколку дозволат временските услови, Градот Скопје ќе продолжи да ги прска градските улици со средството – калциум магнезиум ацетат. Апелирам до вработените во Град Скопје на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз. Службените возила на Градот Скопје ќе се користат исклучиво за потребите на Градскиот инспекторат“, тврди градоначалникот Трајановски.

Тој побара од МВР да ги зајакне контролите на почитување на забраната за тешки товарни возила. Комуналните инспектори на Град Скопје досега изрекоа 12 казни на компании кои не ги почитуваа одредбите.

Во долгорочниот план на Град Скопје се зацртани мерките за наредните десет години кои предвидуваат забрана за греење на дрва, секаде каде што има мрежа за централно парно греење, задолжително поврзување на новите објекти кон топловодната мрежа, забрана за горење отпад и греење на јаглен, субвенции за печки на пелети… Планот предвидува и зони на ниски емисии во Скопје, бесплатен јавен превоз во средините со високо загадување, обезбедување паркинг за возилата исклучени од сообраќај, засилено чистење на улиците, достава на стоките до 7.30 и по 18 часот.

Друга мерка е времето за пренос на багери, булдожери и виљушкари до градилиштата, кое е ограничено до 7.30 часот, како и контрола дали се користи обиколницата од тешките товарни возила, чија крајна дестинација не е Скопје.

 

Во врска со ложиштата за греење во домаќинствата и индустриските капацитети, краткорочниот план предвидува зголемени инспекциските контроли како на оџаците во објектите и во индустриските и занаетчиските постројки, така и на субјектите што управуваат со отпадни гуми и масла и на градилишта. Јавните собири на отворено ќе се откажуваат и ќе се препорачува намалување на температурата во јавните згради.

Планот за подобрување на квалитетот на воздухот во агломерацијата Скопски регион е изготвен со поддршка на твининг-проектот финансиран од Европска унија.

Граѓан(к)ите и невладините организации за заштита на животната средина, најаваат протести доколку за краток временски период не се расчисти загадениот воздух.

Tags: Град Скопјезагадувањеинспекциски надзорКоце ТрајановскимеркиМинистерство за животна средина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ