• Latest

Скопје, континенталниот Солун на Балканите, симбол на солидарноста, мултикултурализмот и поделбите

July 26, 2023
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Скопје, континенталниот Солун на Балканите, симбол на солидарноста, мултикултурализмот и поделбите

July 26, 2023 15:06
in МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Мајка ми, стара скопјанка, чија куќа во непосредна близина на Саат кулата, била тешко оштетена, имала неполни 17 години кога градот го погоди катастрофалниот земјотрес. Се сеќава како да се случил денес.

Куќата се тресела како да е од хартија. Мајка ѝ била во шок. Мајка ми ја фатила за раце и заедно се стрчале по скалите кон приземјето, неколку секунди пред да се урне едниот ѕид на горниот кат. Дедо ми, кој малку пред тоа излегол за на работа, како без душа трчал назад дома. Кога ги видел пред полусрушената куќа, паднал да колена и заплакал од среќа.

Пострашно и од самото разорување што ѝ се случувало пред очите, за мајка ми бил пеколниот татнеж, како што го нарекува, неколку секунди пред и за време на потресот.

Сеќавајќи се на деновите по катастрофата, вели дека градот бил преплавен од хуманитарни мисии, кои зборувале на безброј различни јазици.

Град на солидарноста

Судбината, ликот, духот и животот на градовите ги обликуваат катастрофите, природните, воените, политичките, економските… Така е и со македонската престолнина.

Скопје е отпорен град. Бележи голем број трагедии низ својата историја и сегашност. Пред 60 години (26 јули 1963), доживеа катастрофален земјотрес, со јачина од 9 степени според Меркалиевата скала, кога речиси 80 отсто од градбите беа уништени, со повеќе од илјада жртви меѓу кои повеќе од 160 деца, повредени беа три илјади луѓе, по што повеќе од 800 останале со трајни последици.

Веднаш по земјотресот, 35 земји членки на Обединетите нации побараа од Генералното собрание градот да биде поставен на листата на приоритети, по што Скопје стана меѓународен симбол на солидарноста. Во првите часови од трагедијата, напомош пристигнаа тогашната ЈНА и југословенските републики. Дури 87 држави во светот испратија помош во пари, материјали, медицинска помош, залихи и тимови за спасување и изградба. Американскиот претседател, со посебна одлука, побара од војската и УСАИД да помогнат во спасувањето и згрижувањето на оние што останаа без своите домови, и во обновата на градот. Во екот на Студената војна, Скопје стана точка на поврзувањето меѓу Западот и Истокот.

Главен град низ историјата

Сакам да го искористам овој трагичен повод, 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес, за да (се) прашам: Што знаеме за Скопје? Главен град на Северна Македонија, во кој живее повеќе од една четвртина од вкупното население на земјата, етнички и верски измешан, економски центар кој опфаќа повеќе од еден милион жители, убав, грд, стар, нов, шаренолик, поделен…

Кога размислувам за Скопје, по многу нешта, тој ме потсеќа на Солун. Пред некој ден, на еден мој другар му кажав дека Скопје е, на некој начин, континентален Солун. Споредбата не е најсреќна, ако се земе предвид колку многу побогат град е Солун, но историјата, местоположбата и мултикултурниот карактер на двете метрополи е слична.

И низ историјата, Скопје бил главен административен, воен и политички центар во различни епохи од постоењето. Бил еден од најголемите градови на Балканот.

Основан од древните Пеони, во далечното, древно минато, откако бил освоен и населен од Дарданите, Скопје бил и главен град на Дарданија (2 век п.н.е.), која се протегала од денешен Ниш до Свети Николе.

Важноста на Скопје не се намалува ни откако Римјаните го освојуваат во 1 век н.е., кога станува регионален команден центар на Римската Империја. Византискиот император Јустинијан бил роден во околината на Скопје, поточно во Градиште (Тауресиум). Бил точка каде што се судирале интересите на Византија и Бугарија. Историјата ќе забележи и дека бил главен град на бугарската империја од 972 до 992 година н.е.

Турската империја владее со Скопје 520 години, време кога Скопје станува надалеку познат по ориенталната архитектура. Во турско време, покрај Битола (Manastir) и Солун (Selanik), Скопје (Üsküb) е еден од трите главни градови во регионот, а во негова јурисдикција е и Косово. Во тоа доба, Скопје бил претежно муслимански град, но главна одлика, сепак, му била мултикултуралноста. Во него сложно живееле турско, албанско словенско, еврејско и ромско население, но и голем број трговци, авантуристи, војници од различни краеви на Европа и Азија, свиле гнездо во овој град. Во 15 век во Скопје се населуваат и Сефардски Евреи, тогаш прогонети од шпанската круна, со што само ја збогатиле сликата за динамичен и шаренолик, мултикултурен град.

Претходни катастрофи

Според историските извори, најсилниот земјотрес што го погодил Скопје е во 518 година. Во тоа време, поголем дел од тогашните жители на градот веќе биле избегани во околните планини, во очекување на Варварската инвазија. Стравот од инвазијата, всушност, спасил многу животи кои можело да се изгубат во земјотресот. Градот го обновил римскиот император Јустинијан Први.

Во 1555 година, Скопје е погодено од уште еден катастрофален земјотрес кој оштетил или уништил голем дел од градот.  Според некои истражувања, се смета дека тој земјотрес бил од класата XII (екстремен), но според други извори, се смета дека таа проценка е претерана.

Во 17 век, Скопје го погодува епидемија од колера, а веднаш потоа, во 1689 година го освојува војската на хабсбуршкиот император Пиколомини. Хабсбурзите го запалиле градот во знак на одмазда за штетата што отоманската армија ја предизвикала при опсадата на Виена во 1683 година. Настапува долга и мачна рецесија, а населението кое во тоа време броело меѓу 30 и 60 илјади жители, се сведува на околу 10.000. Кризата трае до средината на 18-от век.

Скопје доживува политичко-криминална катастрофа со архитектонскиот злостор наречен Скопје 2014, чии последици се видливи до денешен ден. Демократската власт не направи речиси ништо за да ги санира тешките последици од обезличувањето и апсурдната антиквизација на градот.

Скопје, мултикултурна метропола или поделен град

Скопје не може да му избега на својот, во суштина, мултикултурен карактер. Политиките во изминатите три децении беа често поларизирачки и го поделија градот по етнички и верски основи – на левата и десната страна на Вардар.

Од друга страна, Скопје е единствениот град во светот каде што во една единица на локалната самоуправа службен јазик е ромскиот. Освен македонскиот, службен јазик во градот е и албанскиот. Административно-политички, мултикултурализмот е воспоставен.

Останува тоа да се разбере, прифати и живее меѓу скопјанки и скопјани, стари и нови.

Во очекување на следната катастрофа

Шест пати во животот ќе го напуштев Скопје. Три пати во 1990-те (Швајцарија, Велика Британија и Холандија), два пати во 2000-те и еднаш во 2010-те. Ниту еднаш не успеав. Во поголем дел од случаите кога сакав да заминам, причините беа силни, но недоволно за да се ослободам од магнетизмот на скопскиот асфалт.

Така, останав во очекување на некој нов земјотрес или друг вид катастрофа од оние што ги набројав во ова мое писание, посветено на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963-та. Во меѓувреме, животот тече некако, по скопски.

Извор: Градска.мк

Tags: мултикултурализамСКОПЈЕЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ