• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Скопје – Пекинг виа Будимпешта

July 29, 2024
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Скопје – Пекинг виа Будимпешта

July 29, 2024 10:10
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Доколку некој се посомнева во анализата на ЦИВИЛ Медиа дека потеклото на едната милијарда евра, со која беше најавено дека ќе се задолжи нашата земја од друга држава, ќе бидат кинески пари, особено откако премиерот Мицкоски, обзнани дека заемот, но не во висина од најавената милијарда евра, туку двојно помал, го договорил со нему блискиот премиер на Унгарија, набргу на виделина излезе информацијата што ќе ја потврди анализата на ЦИВИЛ Медиа, а која Орбан долго ја криеше и од самите Унгарци, а таа е дека Унгарија земала заем од Кина во висина од токму (звук на фанфари) милијарда евра.

Значи, дилот на двајцава премиери да ти бил, онака, народски кажано – „пола пије, пола Шарцу даје“

Да се потсетиме што всушност објави ЦИВИЛ Медиа во анализата „Копирајќи го Вучиќ, дали Мицкоски ја врти Македонија кон Кина“.

Тогашниот мандатар, а сегашен премиер на Северна Македонија, при гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, најави дека, веднаш по формирањето на новата влада, државата ќе се задолжи една милијарда евра, заем од друга држава, и тоа не од меѓународни финансиски институции, туку на ниво на соработка влада со влада.

Новинарот не (се осмели да) го праша ниту за која влада се работи, ниту кога и од која позиција го договарал задолжувањето, што јасно ја покажува идната сервилна поставеност на оваа телевизија, кон работата на идната Влада, пример кој е за очекување дека ќе го следат и другите телевизии со национална концесија, веќе видено во некои не толку далечни времиња, за кои се надевавме дека ги оставивме зад нас.

Сепак, може да се насети дека, најверојатно се работи за кинески кредити. Според познавачите, во моментов Кина е можеби единствената земја која може да си дозволи издвојување на толкава сума пари за директно кредитирање во странство.

Мицкоски нагласи дека станува збор за кредит од друга држава под многу поволни околности.

„Можам да најавам еден финансиски пакет, соработка влада со влада, во вредност од една милијарда евра со исклучително поволни услови, со добар грејс период, со исклучително атрактивна каматна стапка“, рече Мицкоски, потврдувајќи дека станува збор за кредит од друга држава, но не откри други детали.

Ова претставува опасност од воспоставување на финансиско ропство на државата. Имено, на ваков начин Кина ги колонизира сиромашните африкански земји, а во една таква финансиско-должничка спирала се фати и една соседна држава, чиј претседател се чини дека претставува рол-модел за владеење на идниот македонски премиер, по што може уште отсега да се насети во кој правец ќе се движи државата под водство на премиерот во најава.

Од друга страна, искуството од минатото со кинеските кредити (инвестиции) во земјава не побудува позитивни емоции, земајќи го предвид активностите на предходната владејачка гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ во таа насока, подложно на коруптивни дејствија по принципот „5 посто од жутите, да не се претерме“, како и подготвеноста на Кина за давање мито секогаш кога треба да ги спроведе своите интереси во деловите од светот опфатени во нејзината сфера на влијание.

Со една милијарда заем, тој не потсетува на уште една епизода од периодот на владеење на претходната владејачка номенклатура на ВМРО – ДПМНЕ, кога во соработка со тогашниот коелиционен партнер „Демократска алтернатива“, во Македонија ќе „лебдат“ (според изјавата на Ѕинго постариот) една милијарда евра тајвански пари, нешто што ќе ги поттикне несреќните настани кои ќе следат во Македонија, откако Кина поради ова ќе стави вето на мисијата на ОН во земјава, по што следеше воениот конфликт 2001 година.

Дополнително, ваквата најава, која доаѓа веднаш по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори, е во спротивност токму на еден од клучните аргументи на ВМРО-ДПМНЕ на жестоките напади врз владата за спроведување на лошите економски политики и презадолжувањето на државата.

И како (или зошто) Мицкоски ги заборава одобрените 6 милијарди евра помош од Советот на ЕУ за државите од Западен Балкан за поддршка на нивниот пат кон членство во ЕУ, од кои на Северна Македонија и се одобрени вкупно 850 милиони евра, а Европската комисија веќе обезбеди позајмици во износ од 50 милиони евра, како дел од првата транша од тековната операција за макрофинансиска помош за земјата, односно за авансот во висина од 7 проценти од алокацијата на средствата одобрени за нашата држава. Помош која, ни крив ни должен, ќе му слета во „чекмеџето“ токму во период кога тој (најверојатно) ќе биде на чело на Владата. Но, има едно но! За да ја добие треба да ги спроведе реформските процеси во земјата кои ги започна предходната влада.

За тоа какви се досега придобивките на Србија од соработката со Кина, може да се прочита во објавата на ЦИВИЛ Медиа – додека кинеските инвестиции го преплавија истокот на Србија, но и покажаа дека Пекинг не се грижи за правата на работниците и заштитата на животната средина, Србија го зголеми должничкото „ропство“ од 300 милиони на 3,7 милијарди евра. Во исто време, профитираат само кинеските компании, додека цената на „челичното пријателство“ на двата народа ќе ја плати само еден – оној што пие вода од Сава и Дунав, а не од реката Јангце.

А сега следува временска прогноза: Црни облаци се надвиснаа над Македонија. Невремето кое ја зафати земјата ноќта на 8 мај, со себе носи нестабилност, поројни дождови и грмотевици, силен ветер и појава на град.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: Виктор ОрбанВМРО - ДПМНЕздолжувањеКинаУнгаријаХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ