• Latest

Села бара пола милион евра оштета за претрпена болка

February 8, 2018
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Села бара пола милион евра оштета за претрпена болка

February 8, 2018 16:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот Зијадин Села денеска не дојде на рочишето во Кривичниот суд, кое се води против десетмина обвинети за обид за негово убиство на 27 април минатата година во Собранието на РМ.

Иако претходно беше најавен дека ќе пристигне на судењето откако ќе бидат сослушани двајцата сведоци, Села не дојде и своето присуство го најави за следното рочиште.

Села преку неговиот адвокат Абедин Абдули замолил исказот да го даде на следното рочиште, бидејќи денеска судењето се одвива бавно, а тој како лидер на Алијансата аа Албанците имал низа обврски.

Следните рочишта судијката  Славица Андревска ги закажа за 19 и 20 февруари, кога се очекува исказ да даде Села како оштетен, како и вештите лица.

Адвокатот на Села на денешната главна расправа побара отштета за својот клиент во висина од 30 милиони денари.  Средствата што се бараат како отштета се за материјалните трошоци за лекувањето на Села, како и за претрпената физичка и душевна болка, повреда на личниот интегритет и за претрпен страв.

На денешното рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села како сведок предложен од Обвинителството пред Судот исказ даде Орданче Соколовски, кој е вработен како монтажер во фирмата што го поставувала видео надзорот во Собранието на Република Македонија.

Сведокот рече дека камерите биле поставени при реконструкцијата на Собранието на РМ во 2015/2016 година и дека тој учествувал во монтажата на дел од нив.

Соколовски беше испрашуван од обвинителот Дарко Јакимовски и од адвокатите на обвинетите. Рече дека на 28 април минатата година бил во Собранието заедно со инспектори на МВР да извадат видео снимки по барање на Обвинителството. Сведокот посочи дека ги дал снимките на инспекторите на МВР, но дека немал можност да ги гледа.

Попладнево треба да биде сослушан и вториот сведок на Обвинителството.

Поради промена на двајца поротници, главната расправа денеска почна од почеток.

Во овој случај обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

За настаните во Собранието веќе се изречени судски пресуди за два предмета. Во првиот, девет лица учесници во насилства добија условни казни, а во вториот случај Панче Ангелов, напаѓачот на Радмила Шекеринска доби казна затвор од четири години.

Во тек е истражна постапка и за предметот што го отвори Јавното обвинителство за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ за што се осомничени 36 лица.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: 27 априлЗијадин СелаКривичен СуднападоштетаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ