Пандемијата со Ковид -19, Македонија ја дочека во веќе вжештена атмосфера поради предвремените парламентарни избори што беа закажани на 12 април. Како и секогаш дел од изборниот фолклор, освен дневните партиски препукувања, е врбување на што е можно поголем број на симпатизери и замајување на што е можно повеќе граѓанки и граѓани со реторики на докажување на правото на едната страна наспроти другата. И додека едните се секогаш во дефанзива, офанзивните напади на другите под закрила на слободата на социјалните мрежи и интернет портали, без ничија контрола, се придружени со говор на омраза, повик на дела од омраза, пласирање лажни вести, дезинформации, ширење паника…
Токму таа неограничена слобода на изразување во вителот на една националистичка машинерија удира и по човековите права и достоинство.
Биљана Јордановска
„Човековите права и пандемијата: Кога слободата на говор заслужува приговор“
05.11.2020 година