• Latest

Словото, единствен начин за решавање на демократските проблеми

May 30, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Словото, единствен начин за решавање на демократските проблеми

May 30, 2018 12:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, кој се наоѓа во работна посета на Полска, денеска се сретна со легендарниот водач на „Солидарност“, нобеловец и поранешен претседател на Република Полска, Лех Валенса, на која разговараа за актуелните состојби во Македонија и регионот и глобалните политички и демократски предизвици…

Како што соопшти Министерството за култура, на средбата, која се одржа на маргините на конференцијата „Европа – поглед кон иднината“ во Гдањск, министерот Алаѓозовски, го запозна Валенса кој беше водачот на демократските промени во оваа земја во 80-тите и 90-тите години, со демократските промени кои се случија во Македонија пред една година и чекорите на новата влада во насока на консолидација на демократските процеси и враќање на земјата кон евроатланските интеграции.

Валенса, се наведува, се интересираше за деталите околу решавањето на спорот со името и развојот на добрососедските односи. Тој ги поздрави напорите на Република Македонија да стане дел од НАТО и ЕУ и рече дека Европската унија мора да го обедини целиот европски регион, да развие дури и федеративни односи со САД доколку сака да ги преброди успешно предизвиците на глобализацијата.

Валенса истакна дека и Полска се соочува со демократски предизвици, но дека единствен начин за нивно надминување е преку „словото“.

– Ова е ера на словото, како единствен начин за решавање на демократските проблеми и секое владеење преку стравот од непријатели (стравот од комунизмот, соседите, Кина, Русија) е несоодветен, истакнал поранешниот полски преседател.

Министерот Алаѓозовски, престојува во работна посета во Гдањск, Република Полска, каде на покана на Европскиот центар за солидарност учествува и е еден од главните излагачи на 6. Европски форум на тема „Европа – поглед кон иднината“. Форумот е во организација на Европскиот центар за солидарност и Градот Гдањск.

Предвидено е Алаѓозовски денеска да оствари средба и со градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович, по што ќе следува и негово излагање на овој значаен европски Форум. (МИА)

Tags: Лех ВаленсаПолскаРоберт Алаѓозовскисредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ