• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Со свои камења по сопствена глава: Сакс го обвинува НАТО за војната во Украина на портал финансиран од земја членка на Алијансата

June 8, 2024
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Со свои камења по сопствена глава: Сакс го обвинува НАТО за војната во Украина на портал финансиран од земја членка на Алијансата

June 8, 2024 10:30
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОНТЕКСТ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Иронично, но серија текстови на Сакс каде, меѓу другите антизападни ставови, тој го обвинува НАТО за војната во Украина, се објавуваат на медиум кој во дисклејмерот наведува дека веб-страница е изработена во рамки на проект „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии (ИКС), и се финансира со пари од земја-членка на НАТО.

Тука тој непречено, како што забележува ЦИВИЛ Медиа во својата анализа, без проверка на факти, ниту со поткрепа на изјави или потврди од засегнатата или независна трета старана, ги ламентира своите видувања и ширејќи руски пропагандни наративи пишува дека  Украина е уништена на бојното поле, со трагични и ужасни загуби ( го споменува тука, и исто така го оправдува намалувањето  на американската финансиска поддршка за Украина, под притисок на  Републиканската партија, за среќа во меѓувреме надминато), тврди дека  Русија победува во војната, а Украина се соочува со ризик од економски, демографски и воен колапс,

Понатаму, во истиот тој медиум, се пренесува колумна на Сакс каде тој вели дека Велика Британија ги советува САД да ја ескалираат состојбата, затоа што Британија е заглавена во своите империјални возбудувања од 19 век, и заговара Русија и Украина би се договориле за новите граници, во кои Крим во кој мнозинството од населението се Руси и областите во источна Украина во кои мнозинството од населението исто така се Руси, ќе останат дел од Русија, а претседателот Џо Бајден треба веднаш да го информира претседателот Владимир Путин дека САД ќе го прекинат проширувањето на НАТО кон исток доколку и Бајден треба да се согласи да преговара за безбедносен аранжман сличен на оној (иако без прецизни детаљи) на предлозите на претседателот Путин од 17 декември 2021 година, дури, самоуверено додава дека Бајден глупаво одбил да преговара со Путин во декември 2021 година, и сосема неаргументирано тврди дека сега е време да се преговара.

Овде очигледно, повторно отсуствува проверката на факти за спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија, како што пишува во дисклејмерот под текстот.

Исто како и во текстот каде Сакс тврди дека тешката ситуација во Украина е резултат на прокси-војната која, според него, започнала пред девет години, кога американската влада го поддржа соборувањето на претседателот на Украина Виктор Јанукович. Гревот на Јанукович од американска гледна точка беше неговиот обид да ја одржи неутралноста на Украина и покрај желбата на САД да го прошири НАТО со вклучување на Украина.

И случајно или не, неговото тврдење сосема кореспондира со руските пропагандни наративи на највисокиот руски дипломат и истакнат пропагандист, Сергеј Лавров, кој тврди дека НАТО, помагајќи и да се одбрани, ја користи Украина како посредник во прокси војна со неговата земја што може да ескалира во глобален конфликт со нуклеарно оружје.

Драган Мишев

Tags: македонски медиумиНАТОруска пропаганда и дезинформацииЏефри Сакс
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ