• Latest

Со видео обраќање на Кулеба започна А5 министерскиот состанок во Скопје

March 28, 2023

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Со видео обраќање на Кулеба започна А5 министерскиот состанок во Скопје

March 28, 2023 10:56
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Започна неформалниот министерски состанок на САД – Јадранската повелба, што се одржува во рамки на претседавањето на Северна Македонија со иницијативата.

Состанокот го отвори министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на претседавач со А5, додека поздравно обраќање имаше и министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

Во обраќањето, Османи ги претстави приоритетите на нашето претседавање со Повелбата, што се одржува на 20 годишнината од нејзиното формирање. Воедно, ја реафирмираше силната поддршка за Украина и украинскиот народ, како и острата осуда за руската агресија.

„Денешниот министерски состанок е уште една прилика да ја истакнеме досегашната поддршка на земјите членки на Повелбата за Украина, но и да ја нагласиме нашата подготвеност за натамошна, практична и хуманитарна помош на украинскиот народ. Од почетокот на војната до денес, сите земји членки на А5 од регионот имаат донирано околу 17 милиони долари хуманитарна помош, додека поголемиот дел од земјите членки од регионот имаат обезбедено околу 214 милиони долари воена помош. Заедно со САД пак овие суми надминуваат 1.62 милијарди долари во хуманитарна помош, односно 32.7 милијарди воена помош.” – нагласи Османи

Министерот Кулеба ги поздрави активностите и приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со САД – Јадранската повелба, што се одржува во време на услови на руската брутална војна во Украина, истакнувајќи дека А5 е од суштинско значење за безбедноста на Европа.

„Од клучно значење е Јадранската повелба да се прилагоди на новата реалност во светлината на тековните безбедносни предизвици. Ги поздравувам вашите планови за зајакнување на политичката улога на Повелбата и изнаоѓање нови безбедносни механизми за регионот. Јадранската повелба ја олесни балканската евроатланска интеграција. Украина е на пат кон НАТО, па знаеме колку беше тоа важно” истакна Кулеба.

Воедно, упати благодарност за помошта што Северна Македонија и другите земји од регионот ја обезбедуваат за Украина, што има пресудно значење на бојното поле за украинските бранители, кои, по цена на нивните животи, ги бранат како Украина, така и демократските вредности.

Tags: Јадранска повелбаКулебаМНРОсманиСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ