• Latest
Добро утро со Орданоски

Солун е наш… центар за пријателство

February 9, 2018
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Солун е наш… центар за пријателство

February 9, 2018 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]З[/dropcap]а пред 55 години, во ова време (на 22 јануари 1963 година), Франција и Германија да го потпишат историскиот Договор за пријателство и соработка, на францускиот претседател Шарл Де Гол и на германскиот канцелар Конрад Аденауер им требаа неколку години подготовки, бидејќи зад себе требаше да остават компликувана историја од вековни војни и милиони жртви на двете страни. За тоа време на подготовките се сретнаа 15 пати, заедно поминаа разговори од вкупно над 100 часови, разменија и 40 писма, што се денеска дел од историјата на тие две земји. Во јули 1962 година, на 6-7 месеци пред потпишувањето на договорот, одржаа заедничка воена парада во францускиот град Ремс, 160 километри северо-источно од Париз, во регионот на Шампања-Ардени, чествувајќи ги илјадниците жртви на двете страни во Првата светска војна. По парадата, двајцата државници отидоа на заедничка молитва во ремската Нотр Дам катедрала – а токму на таа катедрала германската војска за време на Втората светска војна потроши 300 авионски бомби и топовски гранати за да ја срамни со земја, и не успеа!

Договорот за пријателство и соработка во надворешните работи, културата и меѓу младините на двете земји, се потпиша следниот јануари, 1963 година, под кристалните лустери во Мурат салонот на Елисејската палата во Париз. И во двете земји имаше големи отпори на таквата политика на Де Гол и Аденауер. Тие, сепак, гледаа многу подалеку во иднината од многумина други.

Кога, пак, се прославуваше 40-годишнината од договорот, во 2003 година, целиот состав на германскиот парламент замина во Франција за таму, со своите француски колеги, во Версајската палата, да одржат свечена заедничка седница во чест на француско-германското пријателство и соработка. Замислете: во истиот тој Версај, во Салата со огледала, каде Германците во 1871 година, по пруската победа над Напалеон Трети, го прогласија формирањето на Германското царство; и каде во 1919 година ја потпишаа својата капитулација под тешките услови на Версајскиот договор.

Ете, така изгледа тоа се двете земји во чија заедничка историја течат реки со крв, но кои во последните пет-шеесет години се столбот на европската стабилност, безбедност и соработка. Денеска имаат и заедничка армиска бригада, покрај сојузништвото во НАТО, за заеднички операции, кога и ако треба. Денеска Макрон и Меркел се чини дека се цврсто решени да ја продолжат мисијата на великаните на европската политика, Аденауер и Де Гол, уште повеќе заради Брегзит, Трамп, Путин, бегалците и мигрантите, заради Ердоган и растечките крајни десници и во Франција и во Германија. Итн.

Тие две земји успеаја во својот грандиозен проект за пријателство, меѓу другото, и заради тоа што вложија многу во контактите, дружењата и меѓусебните запознавања на младите генерации. Отворија меѓудржавни канцеларии за француско-германска соработка на младите – во последните педесет години низ нивните проекти поминаа стотици илјади и милиони млади од двете земји кои денеска се најсилниот човечки материјал на најважното европско стратегиско партнерство.

Да не должам многу: во рамките на мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција, предлагам во престолнината на балканскиот подрегион Македонија, Солун, двете држави да отворат канцеларија за соработка меѓу грчката и македонската младина. Македонците, особено помладите, за Грција знаат само гиро, плажа и шопинг; Грците, особено помладите, за Македонија не знаат ништо, односно малку од пограничната коцка по гевгелиските казина и евтиното поправање заби по гевгелиските дентист-клиники. Ах, да, и прилична доза на национализам и на двете страни.

Каква е тоа основа за градење пријателство меѓу двете земји?

Предлагам на отворањето на таа грчко-македонска Канцеларија за меѓудржавни младински програми за соработка – од областа на образованието, културата, спортот и што уште не – да се поканат Меркел и Макрон, дури и во својство на духовни и политички покровители на овој проект. И, во годините што доаѓаат, да се употребат, практично, неограничените пари на ЕУ за овој вид на соработка, бидејќи тоа е суштината и смислата на постоењето на таа Унија.

Знаете, кога го потпишуваа својот Договор за пријателство (по што следуваше и размена на бакнежи!), Де Гол беше 72, а Аденауер 87 години стар. Нашите Заев и Ципрас се обајцата 43-годишници – па, и од тој аспект, иднината би требало повеќе да им значи од онаа на мудрите историски лидери на Франција и Германија.

Ете ни го и Планот А и Планот Б и Планот Ц на грчко-македонските односи, дури и ако не успееме сега да го надминеме спорот со името. Односно, дотолку повеќе!

 

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГерманијаГрцијадовербаКУЛТУРАМакедонијамладинадворешни работипријателствоСолунФранција
Share205Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ