• Latest

Сотировски: Секогаш има место за подобрување во односите помеѓу различните заедници

April 7, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ

Сотировски: Секогаш има место за подобрување во односите помеѓу различните заедници

April 7, 2022 12:05
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г. Даријан Сотировски во разговор со ЦИВИЛ за меѓуетничката состојба во земјава, мултикултурата и европските вредности, стратегијата „Едно општество за сите“, и состојбите со дискриминацијата и поларизираноста на општеството.

ЦИВИЛ: Како ќе ја оцените меѓуетничката состојба во Северна Македонија?

Сотировски: Ние како држава веќе градиме едно ново поглавје во меѓуетничките односи, така што мислам дека состојбата е задоволителна, на едно високо ниво и присутна е тенденцијата на континуирано подобрување на ваквите односи, но се уште сме далеку кон посакуваните, како општество не можеме да речеме „е сега сме постигнале заокружување на сите стремежи што значат вистински соживот, градење на едно општество за сите… Но, дека тенденциите за подобрување на состојбите се присутни, апсолутно задоволува. Сметам дека имаме стабилни односи, стабилна состојба, и по овој пат, можеме да очекуваме и подобри и опипливи резултати за окото на секој граѓанин.

ЦИВИЛ: Кои се вашите заложби за промоција на мултикултурата и европските вредности?

Сотировски: Мултикултурните вредности се и европски вредности, но, се и македонски вредности, ако јас се прашувам, и балкански вредности, затоа што кога зборуваме за „наше, домашно“, обично му даваме некој негативен предзнак. Сметам дека историјата векови наназад, Балканот генерално гледано е место каде што културите и религиите се во една коегзистенција, така што мислам дека на верски план, ние имаме што да кажеме на остатокот од светот, затоа што тука никогаш не се продуцирале поделби меѓу луѓето, а кои се базирани на верска основа. Етничка да, јазична да, политичка најчесто, но религиска не, и практично тоа никогаш не се случило. Религијата била мостот по кој секогаш оделе овие меѓуетнички поделби, но религијата сама по себе не била причина за поделби. Напротив, во ситуации на, условно кажано пожар во општеството, била таа која била користена како вода за гасење на тој пожар. Сметам дека од наша призма, на делокругот на кој работиме, на нашите надлежности постигнати видливи резултати на постојан видлив дијалог на сите религиски заедници во државата, но и меѓу нив. Како државен орган контактираме и сме во постојана соработка со сите регистрирани верски групи, што не прави во една добра позиција да разговараме отворено, секојдневно формално и неформално со верските субјекти за отворените прашања, а такви се безброј, и од различен карактер во државата.

ЦИВИЛ: Каде ја идентификувате дискриминацијата и поларизацијата во нашата држава?

Сотировски: Тоа е деликатна тема и веројатно за тоа треба длабинска анализа, бидејќи дискриминацијата постои во секоја пора на општественото живеење, практично човековата заедница генерално како заедница во светот, е поврзана со дискриминација, се дискриминираат поединци, единки во таа општествена заедница, но се дискриминираат и цели општествени групи.  Македонското општество не е имуно на тоа, можеме да сведочиме на различни форми на дискриминација но многу е важно дали тој начин, таа политика на дискриминација е дел од националната платформа, или дел од државната политика или се работи за изолиран случај, кога поединец се дискриминира или групи, се дискриминирани или дискриминираат. Сметам дека во нашето општество политиката на дискриминација е далеку од официјалните политики, таа е понекогаш испреплетена со нив. Исто така има обиди, не до крај успешни, но целосно да се искорени дискриминацијата во општеството, затоа што тоа е сепак негативна појава која што не го гледа човекот, туку гледа одредени аспекти од него.

ЦИВИЛ:  Како го оценувате досегашното спроведување на Стратегијата „едно општество за сите“, и што според вас недостасува да се направи во наредната тригодишна стратегија?

Сотировски: Стратегијата е владин документ, а јас по функција сум бил член на политичкото тело за нејзиното спроведување, во првото политичко тело. Стратегијата за едно општество се надоврзува со еден бурен политички амбиент во државата, којшто требаше да премости одредени проблеми во општеството. Како документ е пример за тоа како стратешка определба на нашата влада да ги подобри односите. Сметам дека придобивките тука се пред се политички и декларативни, но во следниот период треба да  очекуваме многу повидлива и по практична имплементација на проект која што ќе значи нешто повидливо. Многу е лошо кога добрите идеи се сведуваат на флоскули во очите на луѓето, иако тие, реално, менуваат работи. Мора да се подобри перцепцијата дека тоа во суштина ги менува работите на подобро. Прво ќе треба да ги видиме постигнатите  резултатите  по цели, сметам дека во наредниот период ќе се отпочне со тоа. Владата има задолжено и посебен национален координатор за тоа, сметам дека работата е во квалитетни раце, и дека следниот период ќе се надогради се што е постигнато, но и треба критички да се осврнеме на се што останало само на декларативни заложби, а не е спроведено на терен. Но, во многу  сегменти досега, има подобрувања, но се разбира, има простор да се подобрува понатаму.

Дијана Тахири

Камера и фотографија: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети


Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ