• Latest

Советот за етика и АВМУ го осудија нападот врз новинарите на ТВ Вис

July 26, 2017

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Советот за етика и АВМУ го осудија нападот врз новинарите на ТВ Вис

July 26, 2017 12:57
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осуди вчерашниот инцидент во кој градоначалникот и еден советник во Општината Ново Село навредувале екипа на ТВ Вис кои известувале од следи јавната седница на Советот на Општината

„Затвореноста на институциите, организациите или функционерите не може да биде метод со кој ќе се спречува известувањето за теми и прашања од интерес на јавноста…. Од друга страна, безбедноста на новинарите мора да биде ослободена од какви било закани и притисоци, а државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки, со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување. Потсетуваме дека ваквата одговорност произлегува и од препораките на Комитетот на министри на Советот на Европа околу заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите и другите медиумски актери“ се вели во реакцијата.

Советот за етика повикува на преземање неопходни мерки за расчистување на ваквите настани, особено кога новинарот е спречен да информира за теми од широк јавен интерес, каква што е расправата за одлука за референдум за отворање рудници.

И Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги реагираше по повод инцидентот во Ново Село во кој медиусмак екипа била попречена да ја извршува својата професионална обврска и била изложена и на вербални напади.

„Агенцијата како и повеќепати досега, ги осудува сите форми на притисок и навреди врз новинарите и медиумските работници и повторно повикува да се почитува – како достоинството на новинарската професија, така и личното достоинство на медиумските професионалци. Воедно, Агенцијата потсетува дека обезбедувањето услови за непречено работење на медиумите е неопходен предуслов за функционирањето и развојот на едно демократско општество“, се вели во реакцијата на АВМУ.

Tags: АВМУвербални нападиГрадоначалникинцидентНово СелопопречувањереферендумСЕММТВ Вис
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ