Иницијативата за воведување на Државна социјална пензија, поттикната од Владата, наиде на силна поддршка од Партијата на обединети пензионери и граѓани, ПОППМ.
Тие велат дека оваа реформска мерка ќе им помогне на социјално најзагрозените граѓани од „трето доба“ и ќе им овозможи егзистенцијална сигурност.
Овие реформи се дел и од програмата и планираните мерки за реформи во пензиските политики на партијата.
Дополнително, како што велат, ја поддржуваат и имплементација на проектот „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“, преку кој ќе се даваат наменски бенефиции за студентите и ќе се создадат претпоставки за подобрување на условите за студирање и финансиско олеснување за буџетите на нивните семејства.
Б.Ј.