• Latest

Спасовски-Валадас од Брисел: Заеднички ги имплементираме најдобрите европски практики во полициското работење со Европскиот полициски синдикат

April 11, 2023

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Спасовски-Валадас од Брисел: Заеднички ги имплементираме најдобрите европски практики во полициското работење со Европскиот полициски синдикат

April 11, 2023 14:00
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на работната посета на Брисел, оствари билатерална средба со претседателот на Советот на Полициските синдикати на Европа,  Рикардо Валадас.

Изразувајќи го задоволството од партнерската соработка, министерот Спасовски ја потврди посветеноста на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија кон воспоставување и имплементирање на најдобрите европски практики во полициското работење.

„Дотолку повеќе што веќе заеднички ги носиме  стратешките одлуки, како и тактичките и оперативни процедури,  се со цел создавање на полиција вистински сервис на граѓаните и гарант на безбедноста.Во таа насока би ја истакнал и нашата партнерска соработка, преку напорите на Советот на Полициските синдикати на Европа и на сите пријатели и партнери кои учествуваа во подготовката на овој нов значаен документ. Уверен сум дека истиот ќе ги исполни очекувањата и идеите на полициските службеници за полициското работење во Европа”, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека предложениот модел на унапредување на полициската професија е одговор на современите безбедносни предизвици.

„Предложениот модел на унапредување на полициската професија, претставува одговор на современите безбедносни предизвици. Предложените мерки и активности кои се применливи за условите во Северна Македонија ќе ги прифатиме како дел од редовното полициско работење”, рече  Спасовски, поздравувајќи ја одличната професионална соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат.

Спасовски,  упатувајќи благодарност до претседателот Валада за несебичната помош и поддршка во остварување на демократските принципи на полициското работење, испрати пораката дека сме подготвени за продлабочување на соработката и со Советот на Европските полициски синдикати, а со цел да ги оствариме идеалите на новата Европска полиција.

Ве уверувам дека Република Северна Македонија ќе продолжи да биде релевантен и респектабилен партнер во регионалните и меѓународните безбедносни организации и интеграции”, истакна Спасовски.

Претседателот на Советот на Полициските синдикати на Европа, Рикардо Валадас, рече дека му претставува особено задоволство што денеска имаа можност да остварат билатерална средба со министерот Спасовски  истакнувајќи дека во ЦЕСП имаме вистински партнер  како во обуки и експертиза така и во  делот на остварување на демократските принципи во полициското работење а со тоа обезбедување на сигурноста и безбедноста на граѓаните.

Tags: безбедностБриселЕвропски полициски синдикатинтеграцииМВР
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ