• Latest
Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот на САД, Џејмс П. Рубин, на средба со претставници на граѓанските организации, Скопје, 12 април 2023 г.

Специјалниот американски претставник, Џејмс Рубин, со граѓанските организации разговараше за дезинформациите и потребата од соработка

April 12, 2023

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Специјалниот американски претставник, Џејмс Рубин, со граѓанските организации разговараше за дезинформациите и потребата од соработка

April 12, 2023 21:58
in ВЕСТИ, ДИСКУРС, КОНТЕКСТ, МЕДИУМИ
Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот на САД, Џејмс П. Рубин, на средба со претставници на граѓанските организации, Скопје, 12 април 2023 г.

Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот на САД, Џејмс П. Рубин, на средба со претставници на граѓанските организации, Скопје, 12 април 2023 г.

Share on FacebookShare on Twitter

Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот на САД, Џејмс П. Рубин, се сретна денеска и со претставници на неколку граѓански организации. На средбата, специјалниот американски претставник ги повтори пораките веќе познати во јавноста, во поглед на дезинформациите чиј извор, во овој дел од светот, е Русија.

Рубин на средбата навести дека се подготвуваат голем број активности за справување со дезинформациите во регионот и во нашата земја, брифира еден од учесниците на средбата. На средбата станало збор за тоа дека од извонредна важност е соработката меѓу клучните фактори, како што се институциите, граѓанското општество и медиумите.

Претставниците на граѓанското општество ги претставија своите проекти, наоди и гледишта, како и активности за организиран одговор на општеството против дезинформациите.

На средбата беа истакнати важноста на соработката меѓу различните актери во општеството и државата и перспективите на справувањето со дезинформациите кои претставуваат и безбедносен ризик за земјата и регионот.

Џејмс Рубин, кој е во посета на земјите на Западен Балкан на средби со лидерите на највисоко ниво, во јавноста ја изнесе оценката дека „главен извор на закана во овој дел од светот се дезинформациите генерирарни од Русија.“

„Би кажал дека просторот овде е сериозно затруен, пред сѐ, од руски дезинформации. Претседателот Путин мислеше дека може да ја освои Украина и да ја подели Украина, но не успеа. Но, тоа не значи дека Русија не продолжува да го шири отровот на дезинформациите и поделбите“, рече Џејмс Рубин, за време на посетата на Северна Македонија.

Според Рубин, регионот е под силно влијание на манипулации и, како што вели, лаги што ги шират структури поврзани со Русија и со Кина.

М. П.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ