• Latest

Спорна листата на спорни гласачи!

August 4, 2016
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Спорна листата на спорни гласачи!

August 4, 2016 13:43
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Пријавите кои граѓанките и граѓаните ги испраќаа до Државната изборна комисија, по објавувањето на Избирачкиот список на увид, ги испраќаа и на адресата на ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација која во континуитет ја следи работата на ДИК, и во која имаат доверба. Дел од граѓаните тогаш се обраќаа до ЦИВИЛ, загрижени дека нивните пријави нема да бидат понатаму процесирани. Хаосот на спорната листа на 39.502 спорни гласачи, покажува дека нивната загриженост имала основ…

По објавувањето на листата на спорни 39.502 гласачи, направивме проверка дали некоја од пристигнатите пријави во ЦИВИЛ, е примена во ДИК, дали е преземено нешто во врска со тоа, и дали тие лица се дел од новата листа, која е наменета токму за спорните гласачи на кои укажуваат самите пријави.

12312038_1545811195749523_336483400_n

Дел од пријавите се однесуваат на повеќе недоследности во Избирачкиот список, во село Слоештица, во општина Демир Хисар, на пример.

10584398_1545811189082857_1165715641_n

Но, од тоа што може да се заклучи по прелистувањето во листата на спорни гласачи, ниту една од пријавите кои самите жители на ова село, загрижени за состојбата со списокот на гласачи, ги доставија до ДИК, не е дел од официјалната листа околу која сите потписници на Договорот од Пржино се согласија.

12834902_1545811175749525_2105640307_n

ЦИВИЛ повторно јавно прашува: Кои се тогаш лицата што се дел од листатa на спорни гласачи, ако тоа не се оние спорните за кои пристигнуваa пријави од граѓан(к)и? Ако тоа не се оние лица кои сами пријавиле, или оние кои индиректно беа посочени како спорни? Дали листата која треба да помогне да се решат проблемите со спорните гласачи во Избирачкиот список, е и самата спорна?

Или, ова е точно тоа што можеше да се очекува кога од самиот почеток, како што ЦИВИЛ објавуваше, теренската проверка со која се вршеше контрола на 100.436 неконзистентни записи, не одговори на потребите, односно, во најголем дел не ги опфати пристигнатите пријави, туку се проверуваа гласачи кои цел живот живеат на иста локација, а за кои нема ништо спорно за проверување?

ЦМ

Tags: избирачки списокМакедонија. ДИКпријавиСпорни гласачифантомиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ