„Причината за повлекување на српските дипломати од Македонија е НАТО, не поради Србија, туку повеќе поради Русија“, вели една граѓанка во денешната анкетата на ЦИВИЛ Медиа, во која скопјан(к)и одговараа на прашањето: Зошто Србија ги повлече своите дипломати од амбасадата во Скопје?
Еден соговорник вели дека со Србија никогаш нашата држава немала проблеми и дека македонскиот и српскиот народ се братски. Меѓутоа, друг граѓанин смета дека овој потег на власите во Србија е во соработка со македонската опозицијата.
Еден од анкетираните смета дека Србија е факторот за нестабилност за сите проблеми што се случувале на просторите на некогашна Југославија.
Новинар и монтажа: Даниела Нисева
Камера: Дехран Муратов