• Latest
Фото: Wikimedia commons

Србија сонува враќање на Трамп и промена на границите на Балканот

June 25, 2024

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Србија сонува враќање на Трамп и промена на границите на Балканот

June 25, 2024 10:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: Wikimedia commons

Фото: Wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа би и дало крилја на „реваншистичката“ политика на Србија, пишува Ноје цирхер цајтунг. Тоа би значело обид за поместување на границите на Балканот и можеби нова војна, оценува весникот, пренесоа белградски медиуми.  „Што ако победи Доналд Трамп? А веќе во поднасловот швајцарскиот весник го нуди овој одговор: „Војна на Балканот би била поверојатна отколку што беше долго време“.

Авторот на анализата пишува:

„Националистичките сили во Србија се надеваат на втор мандат за Доналд Трамп. „Трамп, Србине!“ – неговите обожаватели поставија плакати во различни градови по неговиот избор во 2017 година. Ричард Гренел, поранешен пратеник на Трамп за Балканот, го поддржува Белград. Власта му се додворува и го опсипува со награди. А Џаред Кушнер, зетот на Трамп, планира да изгради хотелски комплекс во центарот на Белград. Сето ова ја поттикнува желбата да се промени повоениот поредок во регионот создаден од САД во корист на Србија.

Авторот потоа наведува дека „државниот поредок во Западен Балкан е резултат на Пакс Американа“ и дека „САД беа тие што воено ги завршија војните во Босна и Херцеговина и Косово и воведоа нов поредок“.

Сепак, како што се додава, тој поредок создаден со американски интервенции не би бил стабилен без друг актер:

„Во 2003 година, во таканареченото „солунско ветување“, Европската унија им вети на земјите од Западен Балкан дека во иднина сите ќе станат членки на Унијата. Со тоа ветување земјите добија перспектива за просперитет, а националистичките актери со реваншистички планови беа привремено политички маргинализирани“.

„Пакс Американа, плус изгледите за влез во ЕУ, беа формула за стабилност за регионот. Но таа формула денес важи само во ограничена мера“, се наведува во анализата на швајцарскиот весник.

Авторот потоа наведува дека „српскиот ревизионизам почива на две премиси“.

„Геополитички, од средината на 2010-тите, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, успешно водеше еден вид „политика на неврзаност“ која намерно се стреми да се надоврзува на југословенскиот модел. (…) Идеолошки, терминот „српски свет“ е во оптек веќе неколку години. Се заснова на етнонационален концепт од 19 век и според него „српското прашање“ треба да се реши со обединување на сите Срби во една земја“, наведува Ноје Цирхер Цајтунг.

Авторот потоа му се враќа на Трамп и наведува дека нема да го наруши кревкиот поредок на Западен Балкан, а тоа е само затоа што тој регион не му е приоритет.

„Во тој поглед, српските надежи и стравови на нивните соседи се претерани“, велат германските медиуми, а пренесува Дојче веле.

Но, се додава, „Трамп ќе ја ослаби трансатлантската оска“, а за Западен Балкан „клучно е дали курсот на Трамп ја зајакнува или ослабува Европската унија како геополитички актер“.

Тоа зависи од внатрешната ситуација во ЕУ, пишува авторот.

„Европските избори можеби дадоа повод за десничарски тенденции, но политичкиот центар го отфрли тој напад. Сепак, постојат поважни односи меѓу земјите-членки и нивната внатрешна организација и во тој поглед изгледите се загрижувачки“, се наведува во анализата, потсетувајќи на успехот на „националистичката национална алијанса“ во Франција и на фактот дека во Германија владејачката коалицијата „може да дејствува само во ограничен обем“.

„Економскиот или политичкиот притисок однадвор ќе доведе до фрагментација на Унијата наместо консолидација“, пишува швајцарскиот весник. „Резултатот може да биде ренационализација на политиката, во комбинација со формирање на коалиции на некои земји. Во однос на односите со Русија, на пример, Австрија, Унгарија, Словачка, а можеби и Бугарија би можеле да го следат својот курс. Ако Националната лига ја преземе власта во Франција, тој курс на смирување веројатно ќе добие поттик од Париз“.

Авторот заклучува дека сето тоа „би отвори простор на Западен Балкан кој би можел да го искористи реваншистичка Србија“. На дневен ред би била реинтеграцијата на северно Косово населено со Срби, како и отцепувањето на Република Српска од Босна и Херцеговина со цел обединување со Србија. Тие цели би биле поддржани од Русија, која на тој начин би можела да го зголеми своето влијание во Европа. Во исто време, немоќта на Европската унија би станала очигледна“.

Затоа, како што се наведува, „мора да се преформулира прашањето дали Трамп го дестабилизира Западен Балкан: дали човекот во Белата куќа ја дестабилизира Европа и со тоа отвора простор за конфликти на Балканот?

„Таа опасност е многу реална со оглед на неизвесната ситуација во ЕУ“, се вели во анализата на швајцарскиот Ноје Цирхер Цајтунг.

Tags: БалканСрбијаТрамп
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ