• Latest

Сервер: Името мора да се реши и Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО

April 24, 2018

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сервер: Името мора да се реши и Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО

April 24, 2018 15:12
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Триаголникот од кој зависи напредокот на Балканот се САД, ЕУ и вие. Кога овие три страни се хармонизирани ништо не може да ги спречи. Кога се надвор од рамнотежа сите прашања дури и оние кои може да влијаат на мирот и стабилноста се под опасност. Ова го истакна експертот за Балканот и професор на Унивезритетот „Џон Хопкинс“ од Вашингтон, Даниел Сервер на денешната собраниска Комисија за европски прашања коментирајќи го Извештајот за напредокот на Македонија што го објави Европската комисија.

Тој истакна дека Европската унија помина тешки 10 години, а промени се случија и во администрацијата на САД. Но, и покрај сите тие промени и несигурности, САД и ЕУ и нивната политика кон Балканот останаа исти, а тоа е, додаде, сите земји од Балканот кои сакаат да бидат дел од ЕУ да станат нејзини членки.

– Тоа е најдобрата сигурност која ја имаме за постојан мир и сигурност. Иако имавте сомнежи за Европа  и Европа имаше сомнежи за вас, но економијата на Европа полека се опорави и стана многу повнимателна на проблемите кои ги создаде Путин од инвазијата на Украина, обидот за државен удар во Црна Гора во 2016 година и обидот за убиство на поранешниот руски агент Скрипал оваа година. ЕУ вознемирена од ситуацијата со Русија во февруари го отвори прозорецот за политички преговори. Оние кои ќе се квалификуваат од Балканот до 2025 година, може да се надеваат дека ќе станат членки две години подоцна. Колку неверојатна можност претставува ова? Ќе биде тешко да се влезе во ЕУ зашто ништо не е гарантирано, но тоа е и неверојатна можност за вашата земја да стапи на патеката за членство во ЕУ и во НАТО, рече Сервер.

Сервер во Собрание

Тој се осврна на сите реформи кои престојат пред Македонија, а кои се наведени, како што кажа, и во самиот Извештај на Европската комисија укажувајќи на потребата од деполитизицајата на судството и администрацијата, борбата против организираниот криминал и корупцијата итн.

Сервер го поздрави и враќањето на опозицијата во Парламентот. Се осврна и на спорот за името со јасна порака дека тоа мора да се реши како еден од предусловите за членство на земјата во ЕУ и НАТО.

– Дури и ако ги направите сите нешта кои ги бара ЕУ, дали Атина сè уште ќе биде проблем. Краткиот одговор е да, но имате избор. Постојат две насоки – надолна спирала на очај и според мене тоа е тажно сценарио и другата насока која ја одбравте пред една година е да се издигнете, односно таа е спиралата која ги прифаќа условите на НАТО и ЕУ и ја одржува државата на ова ниво, а кое со тек на време ќе го издигнува, а тоа е она што јас би го избрал, рече Сервер.

Според него, единствениот ефективен начин земјата да се усогласи со ЕУ и САД е да се усогласи со Атина.

– Знам дека е болно, но дојде моментот. Треба да се најдете со Атина некаде во средина. Само тогаш НАТО и ЕУ можат да станат реалност за вас. Какво и да е решението за името пријателите ќе продолжат да ве нарекуваат граѓани на Македонија, а вашиот јазик македонски, дури и ако договорот се однесува на сите земји кои веќе ве прифатиле под уставното име, порача Сервер.

На седницата свои обраќања имаа и премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и претставниците на политичките парти застапени во Парламентот.


Извор: МИА

Tags: БалканДениел СерверЕУИзвештај на ЕКиметоКомисија за европски прашањаМакедонијаНАТО
Share11TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ