• Latest

Станковиќ: Слободата се освојува со храброст и упорност!

June 4, 2016
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Станковиќ: Слободата се освојува со храброст и упорност!

June 4, 2016 14:44
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„За да пишувам за разни скокачи, секташи и хулигани, мора со нив да шпартам по улиците. Ова мое претставување и на моите помлади соработници од ЦИВИЛ – Центар за слобода, беше замислено секој да говори на јазикот на неговите претци, не поради Преамбулата на Уставот, туку затоа што, тоа е Македонија!“, рече новинарот Синиша Станковиќ, на мултимедијалниот настан „За слобода на изразувањето“.

„Секој од нас и во редакцијата на ЦИВИЛ Медиа и воопшто во ЦИВИЛ – Центар за слобода, така и се чувствува, слободен да зборува за сé она, што го мачи, на својот јазик. Затоа, не обезбедувавме превод, за да се говори на сите јазици кои се говорат во Македонија, затоа што вистинските слободоумни луѓе, секогаш се разбираат и не им требаат преведувачи.

Слободата не е нешто што се добива во наследство. Слободата е нешто што се освојува со сила, храброст и со упорност. Слободата не се освојува од Ѓурѓовден до Митровден, кога пече сонце и под ‘Јорган планина’. Слободата ја освојуваат храбри, слободоумни луѓе кои имаат избор, меѓу багерот којшто ги урива бариерите и слободниот збор, којшто е посилен од сите багери на светот!“


На мултимедијалниот настан посветен на слободата на изразувањето и слободата на медиумите, на граѓанското новинарство и на активизмот „За слобода на изразувањето“, што во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода се одржа на 1 јуни, во центарот на Скопје, на присутните им се обратија шестмина новинари, граѓански новинари и активисти.
Томислав Кежаровски на македонски јазик, Арбана Ќерими на албански, Синиша Станковиќ на српски,  Хадис Сулејман на турски, Дехран Муратов на ромски и Ермин Климента на босански јазик, односно секој на својот мајчин јазик, отсликувајќи ја така Македонија како земја на различни етнички заедници, сите заедно проговорија за медиумскиот простор во земјава, за човековото право на слободно изразување, за потребата да се искаже јавно својот став, за недостатокот на објективно известување и за извртената реалност која секојдневно се пласира во медиумскиот простор.
Мултимедијалниот настан „За слобода на изразувањето“ е во рамките на проектот Граѓански објектив, финансиран од National Endowment for Democracy.
Tags: граѓански новинариМедиумиполитичка кризаСиниша Станковиќслобода на изразувањетоЦивилчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ