• Latest
Фото: МИА

Стигнаа новите сметки за струја: Едно домаќинство кое плаќало 2.000 денари, без субвенцијата би плаќало околу 3.455 денари

December 22, 2022
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стигнаа новите сметки за струја: Едно домаќинство кое плаќало 2.000 денари, без субвенцијата би плаќало околу 3.455 денари

December 22, 2022 16:13
in ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Владата во текот на целата енергетска криза со 73% ја субвенционира цената на електричната енергија која ја плаќаат граѓаните, а сега преку информативната табела тоа може појасно да се види од сметките кои веќе почнаа да пристигнуваат и имаат информативната пресметка  каде е прикажано колку би изнесувале сметките доколку Владата не ја субвенционираше цената на електричната енергија.

Согласно пресметката едно домаќинство кое плаќало 2000 денари за електрична енергија, без субвенцијата на Владата би плаќало околу 3455 денари односnо 1455 денари повеќе, додека пак семејство кое плаќало 5000 денари за електрична енергија, без субвенцијата сметката би достигнала 8638 денари или над 3600 денари повеќе.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во гостување на Алсат синоќа кажа дека секое домаќинство во земјава било субвенционирано со по 21 илјади денари за електрична енергија оваа година, односно секој граѓанин добил субвенција од 6.800 денари.

„Средствата што ги даваме за регулираниот пазар на електрична енергија значи дека секој еден наш граѓанин добива 6.800 денари годишно субвенции за струја или секое едно домаќинство добива по 21.000 денари субвенции за струја за оваа година“ кажа вицепремиерот Битиќи и кажа дека субвенционирана електрична енергија добиваат и малите компании кои плаќаат 220 до 260 евра за мегават час, додека берзанската цена е околу 500 евра.

Ова значи дека субвенцијата на Владата изминатава година овозможила 21.000 денари да останат во семејниот буџет на секое домаќинство во земјава и да се искористат за други намени, наместо да бидат потрошени за сметките за струја.

Во годинава која изминува Владата издвои околу 240 милиони евра за субвенционирање на електрична енергија и обезбедување на топлинска енергија за Град Скопје, сума која беше неопходна за да се спречи повисок ценовен шок и рестрикции во енергетскиот сектор.

Оваа сума ќе беше значително помала доколку во изминатите 30 години, претходните Влади наместо на споменици и фасади, парите од Буџетот на граѓаните ги инвестираа во енергетскиот сектор и државата обезбедеше поголема енергетска независност.

Со правилното менаџирање и правењето баланс меѓу справувањето со кризата и основните функции на државата, Владата успеа да се избори граѓаните да добиваат енергија и тоа да не биде на грбот на семејниот буџет. Борбата со енергетската криза на Владата ќе продолжи и следната година, што може да се види од Буџетот за 2023 година, каде се предвидени 250 милиони евра за мерки.

Извор Фронтлајн

Tags: владаструјасубвенции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ