Стево Пендаровски е именуван за национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО, информира денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
Одлуката за назначување на пратеникот на СДСМ и поранешен претседателски кандидат, Пендаровски за национален координатор на НАТО е донесена на вчерашната владина седница.
Пандаровски ќе ја преземе функцијата откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник. До тогаш останува пратеник во Собранието, каде е и заменик-член на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.
Македонија имаше национален координатор за НАТО во периодот од 2006 до 2009 година кога на таа функција беше именуван министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Функцијата остана испразнета и беше во мирување по неуспехот на Македонија да добие покана за членство на самитот во Букурешт во 2008.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.