Во џунглата од дезинформации и Фејсбук експертизи и политикантство, човек некогаш треба да биде Индијана Џонс за да дојде до едноставни информации и вести. Владее општа психоза поради повторената, уште пожестока КОВИД-19 наезда во светот и кај нас. Среде војната со вирусот, антиевропските структури, националистите и криминалците грчевито се борат за политички поени, а секако и за бегство од правдата. Таа нивна борба, валкана, со удари под појасот, станува уште повидлива, како свежо капнат измет од чавка на шофершајбната, а вие само што сте излегле од авто перална.
Џабир Дерала
Од колумната: Убијците и жртвата, неизвесна трка со лажни вести од белата палата, расипаниот политички фотокопир, и јас сум Метаморфозис…
14 ноември 2020