• Latest

СЗО: Ја поддржуваме Северна Македонија во јакнење на примарната здравствена заштита, почнува кампањата „Здравје за сите“

April 7, 2023
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

СЗО: Ја поддржуваме Северна Македонија во јакнење на примарната здравствена заштита, почнува кампањата „Здравје за сите“

April 7, 2023 10:27
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На својата 75. годишнина, која се совпаѓа со Светскиот ден на здравјето, Светската здравствена организација (СЗО) ја почнува кампањата „Здравје за сите“. За да се обезбеди здравје за сите, потребни се достапни, висококвалитетни здравствени услуги, силна здравствена работна сила која обезбедува нега фокусирана кон пациентите, како и креатори на политики кои се посветени кон вложување во универзална здравствена покриеност, пренесува МИА.

-Годишнината на СЗО претставува можност да се осврнеме кон постигнатите успеси од областа на јавното здравје во минатото, но и да се фокусираме на соочување со идните предизвици со наука, решенија и солидарност, истакнува д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО во Северна Македонија и в.д. шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје.

 

СЗО, како што се наведува во соопштението, ја поддржува Северна Македонија во јакнењето на примарната здравствена заштита, која е темел на јавното здравство. Преку техничка експертиза и поддршка, СЗО ја поддржува државата во надминувањето на идентификуваните предизвици што го попречуваат пристапот на луѓето до услуги за здравствена заштита.

-Нашата цел е сите граѓани во Северна Македонија да имаат пристап до висококвалитетна здравствена заштита, без оглед на местото на живеење или социоекономскиот статус, додава д-р Јохансен.

СЗО работи и со Министерството за здравство во насока на заштита, поддршка и зголемување на здравствената работна сила како стратешки приоритет. Ова вклучува вложување во едукација и развој на вештините на здравствените работници за да се подобри квалитетот на здравствените услуги, како и унапредување на работните можности за здравствените работници.

Препознавајќи ја важната улога на Министерството за здравство во постигнувањето на овие цели, СЗО го поддржува и јакнењето на владеачките и управувачките функции на Министерството. Работата на СЗО во Северна Македонија вклучува и поддршка за здравјето на мајките и децата, намалување на факторите за ризик за незаразни болести со цел превенција и контрола, ментално здравје, имунизација, подготвеност за итни состојби и одговор и голем број други области.

-Ќе продолжиме да го поддржуваме напредокот кон универзална здравствена покриеност, заштитата на граѓаните при на јавно-здравствени кризи, унапредување на здравјето и добросостојбата на сите граѓани, како и јакнење на капацитетот на Министерството за здравство за развој и спроведување на политики засновани на докази со кои се подобруваат здравствените резултати, вели д-р Јохансен.

Во глобални рамки, постигнувањата во областа на јавното здравје во текот на последните седум децении со кои се подобри здравјето, добросостојбата и квалитетот на живеење на луѓето во целиот свет се добро познати: искоренување на големите сипаници, речиси целосно елиминирање на пет тропски болести, системско воспоставување на рутинска имунизација, намалување на бројот на случаи со детска парализа (полио) за 99 проценти, креирање на првата вакцина против маларија, развој на нови пристапи за контрола на туберкулоза, обезбедување пристап до безбедна вода за милијарди луѓе, и многу други.

Меѓутоа, пандемијата со КОВИД-19 ги наруши здравствените системи, економии и општества.

-Светот виде дека кога здравјето е под ризик, сѐ е под ризик. Учејќи од најлошата пандемија во нашата историја, СЗО е подготвена да ги поддржи земјите од светот во утврдувањето на договорот за одговор при пандемии, ревизијата на Меѓународните здравствени регулативи и другите финансиски, управувачки и оперативни иницијативи за светот да се подготви за идни закани од пандемии, заклучува д-р Јохансен.

 

Tags: Министерство за здравствосветски ден на здравјетоСЗО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ