„За жал, навистина, веќе лажните вести и дезинформации се силна алатка што се користи во последните две-три години, особено по социјалните мрежи. Тие се, некако, како наркотик за граѓаните кои не можат да живеат без смарт телефони. Меѓутоа, барем знаеме кои се изворите на сите тие дезинформации и лажни вести“, изјави Арбен Таравари, градоначалник на Општина Гостивар и лидер на Алијанса за Албанците во интервјуто за ЦИВИЛ МЕДИА.
„Знам дека кампањите се периодот кога најмногу се користат. Ние сме поминале, посебно од 2020 година, парламентарни избори и 2021, локални избори. Овие блогови и производството на лажни вести кои се шират екстремно, се злоупотребуваат за одредени цели“; вели Таравари, додавајќи дека потребен е законски механизам да се казнат тие што ги споделуваат или произведуваат и да се превенира за да не дојде до такви вести, бидејќи навистина создаваат состојба на несигурност, на лажно информирање на јавноста, а тоа после може да има и лоши ефекти врз изборот на нашите претставници во Собранието.
„Некој троши многу пари за да произведува и да шири вакви вести. Целите се знаат кои се. Јас не би сакал да помислам, иако сомнежи постојат кај сите нас, дека некој и од надвор ги нарачува и ги плаќа овие вести да се произведуваат и шеруваат“; истакна Тараари одговарајќи на прашањето како институциите и општеството да се справат со дезинформациите како алатка на пропагандата.
Тараври изрази надеж дека сите страни што ќе учествуваат на овие избори ќе бидат внимателни и што помалку ќе ги користат дезинформациите за пропагандни цели.
Б. Ј.
монтажа: Ариан Мехмети
камера: Дехран Муратов