• Latest

Таравари: ВМРО-ДПМНЕ и Левица го поларизираат општеството со нивните радикални ставови, СДСМ треба да ги собере сите проевропски македонски партии и да направи кампања

December 19, 2023

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Таравари: ВМРО-ДПМНЕ и Левица го поларизираат општеството со нивните радикални ставови, СДСМ треба да ги собере сите проевропски македонски партии и да направи кампања

December 19, 2023 14:16
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Членството на Алијанса за Албанците е најопозициското и антиДУИ членство. Опозициските албански партии коишто се сега, сите се деривати на ДУИ. Меѓутоа, ако ги анализирате сите три партии, понекогаш биле членови или функционери на ДУИ на високи позиции“, рече претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека 70 отсто од членството на АА, 21 година се борело со ДУИ за да дојде до смена во албанскиот блок и АА да донесе промени.

„Меѓутоа, ние не влеговме во Власт адхок, ги поминавме сите ограноци на Алијанса и објаснивме што е целта, кои се препораките до нас, што сакаме да постигнеме и на крај организиравме политичка партија на внатрешен референдум во партијата“, потенцираше Таравари.

Тој додаде дека тогаш тој имал дилеми дали да се влезе во влада, но членството сакало да влезе во владата.

„Затоа постојат претседатели на партии, некогаш може да згрешат, меѓутоа и да сносат одговорност, меѓутоа повеќе да мислиме за нашите деца и државата отколку за самите себе и нашите кадри“, истакна Таравари.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица го поларизираат општеството со нивните радикални ставови. ВМРО декларативно кажува дека е за европска Македонија, дека биле првите кои го промовирале тоа во деведесеттите, меѓутоа практично на терен не остава таков впечаток. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде пречка за понатамошно вклучување на Македонија во ЕУ“, смета Таравари.

Тој смета дека ако одат со СДСМ во коалиција и ДУИ и другите албански партии можат само да и штетат на СДСМ.

„СДСМ треба да си собере сите проевропски македонски партии и да си направи кампања. Ние албанските партии треба да смислиме опција како помалку блокови да имаме или една заедничка што е невозможна мисија, најмногу два. Алијанса е одлучувачки фактор во моментот. Ако оди Алијанса со ДУИ најверојатно ќе има 4/5 од вкупниот број на албански пратеници. Ако оди со опозицијата ќе има над половина, ќе се случи промена во албанскиот блок и за првпат се победи ДУИ. Ако оди АА сама, со одредени помали албански партии тогаш ДУИ повторно ќе победи и тогаш ќе имаме три блока што не е добро“, заклучи претседателот на АА.

Tags: Арбен ТаравариВМРО - ДПМНЕЛевицаСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ