• Latest

Теарце, мала илустрација за големи проблеми

December 26, 2016

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Теарце, мала илустрација за големи проблеми

December 26, 2016 18:02
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце, на 25 декември 2016 година, претставува една мала илустрација и тегобен потсетник за големите проблеми со изборниот процес во Република Македонија. Се работи за едно избирачко место со 714 регистрирани гласачи, во мала, етнички мешана рурална општина за која Управниот суд пресуди дека треба да се изврши повторно гласање, по приговор и жалба од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).Ова мало место можеше да направи голема разлика во крајниот исход од тешката изборна битка која се водеше на 11 декември. Во 6. Изборна единица, разликата меѓу ривалските коалиции предводени од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ, изнесуваше 303, односно со повтореното гласање, 207 гласови во полза на владејачката партија. Затоа, Теарце беше важно за двете жестоко спротивставени партии. Победа со разлика повисока од 303 гласови во полза на СДСМ ќе значеше и изедначување на бројот на освоени пратенички места, од сегашните 51:49 во полза на ВМРО-ДПМНЕ во потполно изедначен број пратеници, 50:50.

tearce-25122016-izvor-dik
Извор: Државна изборна комисија

Што се случи во Теарце?

Накратко, прегласувањето во Теарце беше речиси како нарачана показна вежба за тоа како не треба да се спроведуваат избори.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, чии долгорочни набљудувачи се во фаза на постизборно набљудување на состојбите, распореди набљудувачи веднаш по одлуката на Управниот суд за прегласување во избирачкото место 2011, на 20 декември. Партиите имаа само три дена за подготовка и дополнително промовирање на своите програми, со оглед на тоа дека ден пред гласањето настапува изборниот молк.

Очекувано, веќе во текот на првиот ден по одлуката на Управниот суд, набљудувачите на ЦИВИЛ дојдоа до првите информации дека веднаш започнал силен изборен притисок врз гласачите.

Тие нотираа низа нерегуларности и при прегласувањето во Теарце на 25 декември, а кои соодветствуваат со природата на нерегуларностите регистрирани и во текот на изборниот процес кој заврши со денот на гласањето на 11 декември 2016.

Според извештаите од теренот во четирите дена пред прегласувањето, поткрепени со сведоштва од очевидци, се  вршел поткуп на гласачи.

Од гласачите се барало да не излезат на гласање, а за возврат им се нуделе високи суми, при што тие морале да ги предадат своите лични документи „на чување“ до ден по прегласувањето, со цел да се намали излезноста на гласачите за кои се претпоставувало дека ќе гласаат за опозицијата. Цената на апстинирањето од гласање, била од 50 до 100 евра по гласач, односно достигнувале суми од 500 до 1.000 евра по семејство. Други пак, добивале парична „награда“ за глас повеќе за една или друга политичка опција.

Наспроти обидите на одредени медиуми да ги дисквалификуваат информациите на ЦИВИЛ за поткуп на гласачите, конечно, овие случаи беа потврдени и со соопштението на МВР на денот на прегласувањето, според кое за две лица е покрената постапка за ова дело.

img_1662
Теарце, 25.12.2016

Набљудувачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода дојдоа и до неофицијални податоци дека околу 40 лични карти на гласачи во Теарце им биле вратени на гласачите во текот на денот на прегласувањето.

Што се однесува до изборниот молк, тој како да не постоеше. Како и во текот на изборниот молк при гласањето на 11 декември, така и во оваа мала средина, уште поочигледно беше дека изборниот молк не се почитува. Партиските активисти од сите политички партии, без никаква задршка, агитираа во текот на изборниот молк.

Набљудувачите на ЦИВИЛ го набљудуваа прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце од 6:30 часот. Изборниот материјал на избирачкото место не бил среден на време, но бил целосен. Гласањето било овозможено во неколку минути по 7 часот.

УВ ламбите биле неисправни. Првата се расипала во 8:30 часот утрината, додека втората се расипала во 8:55 часот, за во 9:05 да се утврди дека тие, сепак, работат. Осум или повеќе гласачи биле вратени во периодот кога УВ ламбите наводно не работеле. Чудно е тоа како токму овие две ламби не работеа тој ден. Се работи за едно избирачко место!

Според извештаите на набљудувачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода, членовите на Избирачкиот одбор постојано биле на телефон. Во периоди кога немало гласачи во избирачкото место, тие постојано го прелистувале Избирачкиот список, по што се јавувале, веројатно, за да ги известат партиските штабови за кои работеле, за излезноста на гласачите кои се под контрола.

ЦИВИЛ јавно ги потсети членовите на ИО дека споделувањето информации со партиски штабови и мобилизација на гласачи е спротивно на законот и на изборните процедури, но без успех.

Избирачкиот одбор можеби не функционираше според законот во целост, но затоа строго се придржуваше кон правила кои сами ги измислиле. Така, Избирачкиот одбор ги побара и ги задржа овластувањата на набљудувачите на ЦИВИЛ, спротивно на процедурата. Во текот на броењето на гласовите, членка на ИО запалила цигара по што сите пушеле во просторијата, за на друга членка да ѝ се слоши, по што уследила лекарска интервенција.

Забележливо беше огромното присуство на полицијата, медиумите и претставници на граѓанското општество, домашни и странски набљудувачки мисии, како и голем број високи партиски претставници.

tearce-25122016c-copy
Засилено присуство на полицијата, Теарце, 25.12.2016

Комуникацијата меѓу Избирачкиот одбор и новинарските екипи на моменти беше на висок тон, а камерманите и фоторепортерите ги фотографираа и снимаа буквално, сите гласачи поединечно. Според набљудувачите на ЦИВИЛ, неколку граѓанки и граѓани се пожалиле дека им е непријатно да бидат под толкаво медиумско внимание.

Член на Избирачкиот одбор со висок тон се обратил кон новинарите и ги избркал од избирачкото место, иако тоа, се чини, не важело за една телевизија со национална концесија.

Едно лице без акредитација влегло во избирачкото место и неовластено снимало, по што било побарано од него да престане со снимање, но тоа не влегло во записник и покрај укажувањето на набљудувачот на ЦИВИЛ.

15725700_10211599921493780_1030473812_o
Неовластено сликање на гласачко место, Теарце, 25.12.2016

Избирачкиот одбор бил немоќен да му помогне на еден гласач кој не бил пронајден на Избирачкиот список, иако претходно го имало на онлајн верзијата.

Забележливо беше зголеменото присуство на полициски сили во Теарце, каде што се прегласува избирачкото место број 2011. Полицијата се однесуваше професионално и коректно, а зголеменото присуство беше со цел да се обезбеди правото на глас и законитоста на процесот.

Tags: изборимониторингТеарцеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ