Косовскиот претседател Хашим Тачи, вчера, по повод 10-годишнината од прогласувањето независност на Косово, го одликуваше албанскиот премиер Еди Рама.
Како што се соопштува на интернет страницата на косовскиот претседател, Тачи изразил благодарност до рама за неговиот придонес за „слободата и независноста на Косово“.
Рама рекол дека за него тоа е еден од највозбудливите моменти и оти му претставува голема чест.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.