• Latest

„Таус Мелек Квартет“ ја воодушеви публиката во Тирана

September 26, 2017

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Таус Мелек Квартет“ ја воодушеви публиката во Тирана

September 26, 2017 16:11
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Дванаесеттото издание на „Филмскиот фестивал за човекови права“ во Тирана, Република Албанија во организација на Академијата за филм и човекови права „Маруби“,  го збогатија со присуството членовите на „Таус Мелек квартет“ (Tawusê Melek Quartet) со поддршка на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

ЦИВИЛ како организација ги споделува вредностите со Академијата, во промоцијата на човековите права и слободи и псудата на прекршувањата на истите, преку уметнички форми, како што се филмот, фотографијата и музиката.

Заедно со соработниците, ЦИВИЛ предложи листа на повеќе млади музички групи од Република Македонија, а изборот на „Таус Мелек Квартетот“ беше на Академијата.

Квартетот имаше два настапа,  на 19 и 20 септември, во музичкиот дел на Фестивалот и наиде на одличен прием кај задоволната публика, со тоа што музичарите го надминаа времето за настап за повеќе од час и половина од предвиденото.

Таус Мелек Квартет

Вториот ден, поради поројниот дожд, квартетот настапи во кино-сала и музичарите ја шармираа публиката во романтична и интимна атмосфера. Според изјавите на публиката и организаторите, очекувањата се квартетот почесто да настапува на музички настани во Тирана, со што ќе ја претстават квалитетната музика од ова поднебје во регионот.

Покрај ЦИВИЛ, како партнерска организација од Македонија, учество зема и невладината организација „Легис“, со изложба на фотографии на афирмираните македонски фоторепортери: Роберт Атанасовски, Наке Батев, Лазар Симеонов и Борче Поповски, како и на повеќемина млади членови на Младинскиот образовен форум.

Изложба на фотографии „Borderland“ (Земја на граници), „Легис“

На филмската програма на фестивалот беа застапени остварувања со современи и болни општествени теми кои укажуваат на слични општествени феномени што доминираат во современите политички системи низ Европа, независно од економскиот развој на државите.

Омразата, криминалот од омраза како последица на порастот на десниот популизам и национализам, социјални теми како што се сиромаштијата во Европа и миграциите, тоталитаристичките режими низ светот и прекршувањата на човековите права, религиозниот фундаментализам, како мултиплицирана штета врз поединецот и религиите, како учења на вредности се темите што предизвикаа јавни дискусии во присуство на неколкумина присутни режисери.

Анжелика Коронис, режисерка

Најголема дискусија предизвика документарецот од грчко-француска соработка на независни истражувачи за нацистичкото политичко движење „Златна Зора“ („Golden Dawn: Personal Affair – What’s in the mind of the neo-nazi next door“) под режисерската палка на Анжелика Коронис.

Јасмина Голубовска

 

Tags: АлбанијаТаус Мелек Квартетфилмски фестивалчовекови права и слободи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ