Возбудата во Псарадес, по наше Нивици, по потпишувањето на Договорот за решавање на името на Република Македонија уште трае. Бројни новинарски екипи ги запоседнаа неколкуте таверни што имаат интернет, додуша бавен.
Денот, за разлика од вчера, е сончев и неподелено е мислењето на колегите дека станува збор за голем позитивен чекор во балканските односи. Да, сите имаат задршка во однос на она што ќе се случува во иднина, ама сите, токму сите, вклучувајќи ги и грчките колеги, не го кријат својот оптимизам дека едно поглавје од и онака мрачната балканска историја ќе биде конечно затворено.
Звездан Георгиевски
фото: Александрос Стаматиу