• Latest

Чистење до последниот апаратчик заглибен во калта на ропската послушност и арамилакот

May 8, 2017

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Чистење до последниот апаратчик заглибен во калта на ропската послушност и арамилакот

May 8, 2017 13:22
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Има многу слоеви во заплетканата полициска трагикомедија. Колку полиции има Македонија? Несомнено, најмалку две. Едната е професионална полиција, составена од луѓе кои се искусни и имаат извонредни вештини и знаења. Тие се придржуваат кон законите, ги штитат и им служат на граѓанките и граѓаните. Овие храбри и посветени професионалци не напредуваа во службите или беа под постојан притисок, деградирани и понижувани. Тие се немоќни да направат нешто за одбрана на законитоста и безбедноста на државата.

Пишува: Џабир Дерала

Втората полиција е валкана, послушничка, партиска армија која поддржува криминална клика. Таа полиција служи за сеење страв и овозможува логистика за криминалното владеење и местење избори. Таа полиција апси активисти за човекови права, новинари и опозициски лидери со полна воена опрема, со крвничко малтретирање. Во составот на таа полиција се и криминалците кои го помогнаа, а дел беа и извршители на погромот на Собранието и обидот за убиство на пратеници. Таа полиција сè уште е чизмата на криминалната клика под истрага на СЈО.

Да не заборавиме и на една полиција која е затекната во униформа, па се снаоѓа во лавиринтите на моќта и криминалното однесување по инерција, глуми дека работи, притаено и тивко, чека на подобри денови.

За оваа и ваква полиција, составена од различни, паралелни полиции, законодавниот дом треба да донесе специјален закон за итно спроведување на професионални стандарди и деполитизација. Но, пред тоа да се случи, професионалците треба да станат гласни и да побараат таков закон да се донесе, а потоа да се спроведе до последната полициска куќарка во земјата, без пардон. Тие што чекаат на подобри денови, треба да знаат дека подобрите денови доаѓаат само ако и тие учествуваат. Се разбира, на страната на законот.

Полицијата треба да биде прва, но не и последна во чистењето од партиско-мафијашки и фашистички елементи. Закон за стандарди и деполитизација треба да се донесе и да важи за сите државни и локални институции и јавни претпријатија. До последната собичка во системот, до последниот апаратчик заглибен во калта на ропската послушност и арамилакот.

Стојам на располагање да ги слушнам и прочитам вашите сведоштва.


Објавено во Плусинфо и во Слободен печат (9.5.2017)

Tags: апаратчикзаконпогромполицијаСЈОСобраниестандардичовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ